fbpx
21.8 C
Skopje

(ФОТО) Емилија Розман во кратко фустанче качена на скала бојадисува фасада во Скопје

АКТУЕЛНО

Емилија Розман важи за една од најубавите Македонки. Мисица, манекенка, топ модел… Атрактивна, нежна, згодна, убава… е она што се гледа со голо око!

И кога е закопчана до грло и кога е разголена до гола кожа!

Она што се знае за неа е дека покрај убавината, македонската убавица ја краси и  хуманоста. Имено, таа постапките на својот покоен татко Дамир, кој беше долгогодишен крводарител, на 26 јули годинава, при одблежувањето на 55 годишнината и сеќавањето на скопската катастрофа, на традиционалната крводарителска акција во организација на Црвениот крст на Македонија, доброволно даруваше крв… И тоа по 10-ти пат во животот!


Ама она што за неа малкумина го знаат, а некако логично се надоврзува на претходното, е дека Убавата Емилија е и домаќинско дете! И тоа ептен! Да посакаш да ти влезе в куќи! Снаа од соништата, неостварена желба на секоја свекрва! И за да не помислите дека претеруваме, еве го доказот… пардон, вистината на дело!

Имено, Емилија Розман како добро воспитано дете, домашните работи ги има во малиот прст. И не само оние за кои на Балканот  се задолжени припадничките на понежниот пол. Манекенката и тоа како знае да сработи нешто на што и мажите би и позавиделе. Над се, ако покрај трудољубивоста и се додаде смисолот за естетика, добивате вредна снајка со изразени уметнички пориви!

Кој не верува нека ја погледне фотографијата на која Розманка качена на скала, весела и насмеана со ваљакот  в рака, во розово ја кречи, односно бојадисува фасадата на зградата од својот дуќан за подароци.

Розе поза и тоа манекенско – молерска! Ем убаво, ем корисно, ем практично, ем фантастично…  Емилија Розман, ти си навистина ќерко, татин син!

Извор: Вистина

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -