fbpx
22.8 C
Skopje

ФОТО: Емина го заборави сопругот брзо – новото момче и е милијардер

АКТУЕЛНО

Познатата пејачка Емина Јаховиќ неодамна се разведе од познатиот турски пејач Мустафа Сандал со кого ги имаат два сина, а веќе е во нова љубовна врска со милијардерот Садет Саран. Гласините се потврдија и со фотографија.

Турскиот милионер Садетин Саран, кој ужива во моментите минати со пејачката Емина Јаховиќ, ги збуни фановите по објавената заедничка фотографија.

Емина го бакнува Садетин во образот, а тој во коментарот на споделената фотографија напишал дека му недостига ќерката.

„Мојата ќерка, толку ми недостига“, напишал Саран.

Збунетата јавност на почетокот мислела дека всушност станува збор за ќерка му, но турските медиумите ја забележаа бенката на вратот на девојката. Иста таква има и Емина, што само по себе е потврда дека станува збор за пејачката.

Оние кои го познаваат велат дека тоа го направил бидејќи сака да се „поигра“ со медиумите.

За потсетување, Емина беше во брак со турскиот музичар Мустафа Сандел со кого има два сина, а сега медумите ја поврзуваат со ново момче од Турција.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -