fbpx
21.8 C
Skopje

ФОТО: МВР и Центарот за социјални работи згрижија бездомник

АКТУЕЛНО

 

На иницијатива на министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, денес  во соработка со градскиот центар за социјална работа беше згрижено едно лице – бездомник.

Тој  деновиве поради екстремно ниските температури бил засолнет во еден од влезовите на станбените објекти во близина на ПС Центар.Лицето од страна на полициски и социјални службеници е однесен во Центарот за згрижување на бездомни лица во Момин Поток.

Истовремено, министерот Нухиу иницираше и во наредниот период полициските службеници да посветат внимание на бездомни лица во насока на нивно згрижување, особено сега кога временските услови се директна закана по нивниот живот. 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -