fbpx
15 C
Skopje

ФОТО: Објавена фотографија од напаѓачот во Истанбул

АКТУЕЛНО

Полицијата во Истанбул ја објави фотографијата од лицето за кое се сомнева дека го изврши нападот на Нова Година, кога во дискотека беа убиени 39 лица, додека околу 70 се повредени.

Во текот на денот одговорноста за овој напад го презема Исламска држава, а турските служби и натаму трагаат за терористот кој ладнокрвно уби луѓе, по што умешно избега.

Полицијата се сомнева дека напаѓачот има потекло од Киргистан или Узбекистан. Терористот испукал околу 180 куршуми, додека според неофицијални информации уапсени се седум личности кои се поврзани со и околу нападот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -