fbpx
12.8 C
Skopje

ФОТО: Општина Центар изготви брошура „Граѓански буџет на општина Центар“ – граѓаните ќе знаат на што се трошат парите

АКТУЕЛНО

Граѓаните имаат право да знаат како се трошат  нивните пари кои се слеваат во општинските каси. Општина Центар  ја  изготви брошурата „Граѓански буџет на општина Центар“.

Центар е првата општина што го објавува својот буџет адаптиран за секој граѓанин. Целта на ова издание е на најтранспарентен начин на граѓаните да им се овозможи пристап до финансиските податоци на општината.

Центарот на заедницата на општина Центар, заедно со Општина Центар, ја изготвија  оваа брошура со цел на своите граѓани да им ги обезбедат финансиските информации за работењето на општината за 2017 година во сите области.

Општина Центар за 2017 година предвиде приходи во износ 1.795.440.000 денари.

Расходите се еднакви со приходите.

 Во буџетот за 2017 годиа предвидени се средства за реконструкција и изградба на инфраструктура, поставување на нова лед технологија за осветлување, поставување на енергетски ефикасни фасади на зградите во општината, доградба на училници во ООУ “Гоце Делчев”, продолжување на изградбата на најсовременото основно училиште во Капиштец, субвенции за велосипеди “Цел Центар на точак”, реконструкција на детски градинки, промена на фасадната столарија и термоизаолација на две основни училишта.

Општина Центар, со кофинансирање од Фондацијата Отворено Општество Македонија, оваа година ќе ја обнови фасадната столарија во детската градинка “Раде Јовчевски – Корчагин”, во објектот “Пинокио” и поставува лифт за храна во детската градинка “Кочо Рацин”, во објектот “Наум Наумовски – Борче”. Овие два проекти се во вкупен износ од 2.200.000 денари, а беа избрани како приоритетни за 2017 година од страна на граѓаните на Граѓанскиот Форум на општина Центар, се вели во соопштението на О. Центар.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -