5.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

(ФОТО) Ова е втор развод на Емина: Еве како изгледа првиот сопруг на пејачката!

Разводот на Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал ги разбранува медиумите како во Турција, така и на Балканот.

Со оглед на тоа дека веќе не мора да се преправа дека со бракот е се во ред, Емина на Инстаграм го објави своето писмо до јавноста во кое призна дека по 14 години, на бракот со Мустафа му дојде крајот.

Инаку, ова не е прв пат пејачката да се разведува, а пред Мустафа беше во брак со својот сограѓанин од Нови Пазар, Аладин Џулович, за кој беше мажена само шест месеци.

Аладин денес е среќно оженет и татко на три деца, а се занимава со приватен бизнис.

Емина имала само 17 години кога избегала од дома и се омажила за 26 годишниот Аладин, од кој се разведе по половина година заедница.

Како што пишуваат српските медиуми, проблемот настанал кога таа изразила желба да се занимава со пеење.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -