fbpx
37.8 C
Skopje

ФОТО: ОВАА ФОТОГРАФИЈА ПОКАЖУВА ЗОШТО НИКОГАШ НЕ ТРЕБА ДА ПРЕСТАНЕМЕ ДА ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВАМЕ НА НАШИТЕ ПОЖАРНИКАРИ!

АКТУЕЛНО

Португалија ја погоди една од најголемите трагедии во историјата наоваа земја. Големи катастрофални пожари кои досега одзедоа повеќе од 60 животи.

Иако 1.700 пожарникари прават се што е во нивна моќ за да го спречат ширењето на огнот, тој продолжува да се шири. Фотографијата со преморените пожарникари стана вирална, но тоа не е чудно зошто. Оваа фотографија соврешено опишува како тие храбро и неуморно работата за да им помогнат на цивилите.

Пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола пожарот во шумите на Португалија, и исто така, да ја спречат најголемата кастрофа во историјата на државата. Бројот на жртвите постојано се зголемува. Досега 64 лица ги загубија животите, а 50 се повредени. Но, овие бројки несомнено би биле многу поголеми ако тоа не беа таму да им помогнат овие пожарникари, кои храбро се бореа со огнот.

Пожарникарите направија се што можат. Неколку од нив беа сериозно повредени, рече португалскиот министер Антонио Коста. На сликата, која во неделата на Фејсбук ја објави пожарникарот Педро Брас ги покажува условите во кои тој и неговите колеги работат. Фотографијата вирачно се шири низ светот и ги покажува исцрпени пожарникари како спијат на тревата после долготрајното гаснење на пожарот во градот Педрогао Гранде.

Работејќи целиот ден и цела ноќ, зедовме пауза од 25 минути покрај реката, напиша Педро.

Многумина во коментарите подолу ја изразуваат својата благодарност и поддршка.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -