2.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

ФОТО: Оваа полицајка ќе ја дели правдата во Лигата на шампиони

Биабиана Стенхаус најверојатно ќе биде првата судијка која во сезоната 2019/2020 во улога на главен судија ќе ја дели правдата во најсилното европско натпреварување- Лига на шампиони, како главен судија, велат информациите на „Билд“.

„Билд“ одлучи да ја запраша и Биабиана, но таа само кратко одговори: Не можам и не смаеам тоа да го коментирам.

38- годишната Биабиана Стенхаус која по професија е полицајка во овој момент суди во Бундеслигата. Судиското деби во најсилната лига во Германија го имаше во септември минатата година на натпреварот помеѓу Херта и Вердер, а потоа се запиша во аналите на германскиот фудбал како прва жена која ја делела правдата на еден од натпревар од Бундеслигата.

Со судењето се занимава од 1999 година, а во досегашната кариера судела на повеќе од стотина натпревари.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави