fbpx
17.8 C
Skopje

ФОТО Пет деца од 4 брака: Сеуште нема реакција од Маленко за запросувањето на ќерка му Лора

АКТУЕЛНО

Александар Маленко поранешниот македонски пливач и актуелен претседател на пливачката федерација на Македонија се уште нема никаква реакција по запросувањето на Лора Турунџиева, која му е единствена ќерка од бракот со познатата пејачка, писателка и водителка, Сузана Турунџиева.

Инаку Лора му е прво дете на Маленко, кој од четири брака има пет деца, а пред две години се најде во фокусот на медиумското внимание, со емотивното отвореното емотивно писмо адресирано до него.

Вториот брак на Маленко е со актерката и поранешна директорка на театар „Комедија“, Јелена Жугиќ, со која го има синот Ахил. Третиот брак е со Русинката Татјана Михајловна Фјодорова, со која исто така има син.

Со четвртата сопруга поранешниот пливач не се експонира во јавноста и со неа има два синови. Тој минатата година во емисијата „Еден на еден“ призна дека размислува на проширување на семејството.

„Со сопругата сакаме и шесто и седмо дете. Зошто да не уште една ќерка“, порача тој.

Извор: Фактор

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -