fbpx
20.8 C
Skopje

ФОТО: Рамос од Скопје си замина ем со Суперкуп-трофеј, ем со прекрасен подарок!

АКТУЕЛНО

Серхио Рамос, капитенот на екипата на Реал Мадрид, во својата богата кариера крена трофеј и во Скопје. „Кралевите“ во Суперкупот на УЕФА го совладаа Манчестер Јунајтед и дојдоа до ново одличје, а Рамос за време на престојот во Македонија доби и одличен подарок.

Македонската компанија „S.ignature“ изработи специјално дизајнирани копачки за фудбалерот, а на денот на натпреварот – му ги подари. Рамос беше воодушевен од гестот, а за подарокот имаше само пофални зборови. Копачките се симбол на Реал Мадрид и Шпанија – едната е во боите на „фуријата“ и позади стои „Фурија роха“, додека втората е во боите на „кралевите“ и е исцртано „Хала Мадрид“.

Во продолжение, погледнете ги фотографиите доставени до Gol.mk.

ФОТО

Изработка на „S.ignature

Подарок за Рамос

За Рамос ова беше трет Суперкуп-трофеј, по оние во 2014 и 2016 година во дресот на Реал Мадрид.

 

Извор: Gol.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -