fbpx
13.8 C
Skopje

Фото: Саша Поповиќ целосно го промени системот на „Ѕвездите на Гранд“ – жирито ќе биде во капсули

АКТУЕЛНО

За новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ директорот на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ подготви бројни изненадувања, а едно од нив е целосно нова и импозантна сценографија.

За разлика од минатите сезони кога членовите од жирито седеле во своите столови, сега ќе бидат на едно место, но и сместени во капсули. За време на емисијата гледачите и натпреварувачите не ги гледаат додека капсулата не се отвори.

Покрај новото студио кое изгледа светски оваа година се променети и правилата за натпреварување. Според зборовите на Поповиќ, оваа година ќе биде поправедно и ќе се оценува само квалитет.

Секој член од жирито ќе има свој тим на натпреварувачите кои ќе ги менторира.

На местото на фолк-пејачот Аца Лукас доаѓа рокенрол пејачот Ѓорѓе Николиќ, познат по уметничкото име Џорџе Давид.

Аца Лукас повеќе не е дел од жирито на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд, а тоа го потврди и во изјава за српски Курир.рс.

Не сум повеќе дел од „Ѕвездите на Гранд“ и не е крај на светот. Не знам зошто околу тоа се крена голема галама. Тоа за мене беше само вид на забава и ништо повеќе. Она што моментално ме интересира се моите деца со кои заминувам на море. За „Ѕвездите на Гранд“ баш ми е гајле.

А на прашањето како го коментира тоа што Карлеуша на Фејсбук напиша дека нема врска со неговото заминување, пејачот немаше коментар.

Инаку, во новата сезона на музичкото шоу, на негово место ќе биде пејачот Ѓорѓе Давид.

Како што пренесува Курир, Саша Поповиќ на овој потег се одлучи затоа што сака на гледачите да им подготви нешто невидено во „Ѕвездите на Гранд“:

„Не е чудно што „Ѕвездите на Гранд“ е едно од најпопуларните музички шоу во регионот, а Саша Поповиќ и неговиот тим секогаш имаат новитети. Откако Аца Лукас си замина од жирито, Поповиќ имаше тешка задача и да му најде достојна замена, а сега верува дека успеа во тоа. Исто така, кога наместо Зорица Брунцлиќ ја ангажираше Јелена Карлеуша, изјави близок пријател на Поповиќ.

„Ѕвездите на Гранд“ ќе имаат нов концепт, но и нов дизајн и нова сценографија која во голема мера е звршена. Друга новина во шоуто е дека учесниците ќе имаат свои ментори, и тоа од членови на жирито.

Водителската двојка ќе ја сочинуваат Воја Недељковиќ и Сања Ќужет.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -