fbpx
16 C
Skopje

ФОТО: Страотна сообраќајна несреќа во Кочани, згасна млад живот, уште еден се бори за живот

АКТУЕЛНО

Вчера околу 23 часот пред полноќ, во Кочани се случила страотна сообраќајна несреќа во која згасна млад живот а уште еден се бори за живот.

Имено непосредно пред бензиска пумпа на „Макпетрол“ во Кочани, Д.С.  со ПМВ „Голф 4“ кое возело со соодветна брзина било удрено од А.П. со ПМВ „Мерцедес“ кој со преку 180 km/h се забил во голфот и го влечел со себе околу 100 метри

23- годишниот Д.С. управувач на „Голф 4 “ од Виница загинал на лице место, а возачот на „Мерцедесот“ А.П. (32) од Кочани се здобил со тешки телесни повреди и се бори за живот.

Имено сега починатиот Виничанец имал девојка од Кочани кој ја испратил до дома и се вратил со автомобилот, на враќањето до Виница, кај населеното место Оризари добил повик да се врати бидејќи заборавил нешто, по што следувала кобната несреќа.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -