fbpx
14.8 C
Skopje

ФОТО: Трагичната судбина на Дуња и Даела – пристигнаа во Скопје и останаа запрепастени

АКТУЕЛНО

Денес во скопската Зоолошка градина пристигнаа слониците Дуња и Даела, кои предизвикаа огромно внимание кај посетителите и истите со часови беа следени под будно око.

На делот каде се наоѓаа Даела и Дуња имаше огромен број на луѓе, кои едвај чекаа да направат некоја селфи фотографија, за истата брзо да ја споделат со своите пријатели на социјалните мрежи.

„Се надевам дека Дуња и Даела ќе дочекаат мирни пензионерски денови овде. Дуња е азиска слоница, најстара од својот вид во Европа. Има 48 години. Даела е од Африка, таа е помлада, има околу 30. Тие две се неразделни пријателки“, изјави Тина Мицковска, лице за односи со јавноста од скопската Зоолшка.

Дуња и Даела биле спасени од циркус во Германија, за подоцна да бидат пренесени во Белгија. Од таму пристигнаа во Скопје, каде после 1992. година повторно има слонови.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -