fbpx
5 C
Skopje

(ФОТО) Целосно во прекин патот Делчево – М. Каменица поради превртен автомобил

АКТУЕЛНО

Поради сообраќајна незгода на патот Делчево – Македонска Каменица кај село Очипала сообраќајот е во прекин, пренесува Делчево365.

Товарно возило од засега непознати причини се превртело и го блокира сообраќајот. Возачи јавуваат дека станува збор за возило на Штипска млекара.

-Овде сме од 10 часот, патуваме за М.Каменица и наидовме на блокиран пат. Комби превретно стои на патот и се чека да заврши полицискиот извештај. не ја знаеме причината освен што се гледа дека е мало товарно возило на Штипска Млекара, велат очевидци.

Од полицијата во Делчево детали најавуваат во текот на денешниот ден. Според првични информации од Здравствен дом „Гоце Делчев“ нема повредени лица во несреќата.

Извор: Делчево365.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -