Повеќемина наши читатели не предупредија дека има голем број на полиција во моментот пред Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Не е познато што точно се случува, но според првичните информации од терен, веста воопшто нема да биде лесна, односно станува збор за фамилијарна трагедија.
На оваа информација се додаде и објавата на новинарот Фуркан Салиу, кој најави и видео на својата Клан Телевизија.
-Убиство пред клинички, семејна расправа заврши трагично. За кратко видео,- напиша тој на Фејсбук.