Фотографот од американската ангеција „Асосиејтед прес“, Бурхан Озбиличи победи на конкурсот на World Press Photo за фотографијата на турскиот полицаец, антентаторот после убиството на рускиот амбасадор во Анкара.
На победничката фотографија, напаѓачот во одело со кравата стои со крената лева рака и испружен показалец додека во десната рака држи усмерен пиштол кон земјата
„ Со оваа фотографија сакам да докажам дека секогаш на светот ќе му биде потребно новинарството“, истакна Озбиличи.
Повеќе од 5 илјади фотографи од 125 земји испратија на конкурс околу 80,400 фотографии.