fbpx
6 C
Skopje

Франција го ратификува протоколот за членство во НАТО

АКТУЕЛНО

Францускиот парламент го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на „Фејсбук“.

Франција ратификуваше! Ни остана уште Шпанија! Стануваме полноправна членка на НАТО!“, напиша Шекеринска.

Откако сите земји членки на алијансата ќе го ратификуваат протоколот, тој ќе треба да се најде на ратификација пред Собранието, со што земјата ќе стане членка на НАТО.

Пред неколку денови генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека не очекува процесот на ратификација да заврши до почетокот на декември, но очекува процесот да биде завршен во почетокот на следната година.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -