fbpx
21.8 C
Skopje

Франција со помош за Нигер после нападот од исламистите каде загинаа 16 војници

АКТУЕЛНО

Франција ќе и помогне на Нигер каде загинаа 16 војници и околу 20 повредени во терористички напад против наоружаните патроли во Тилви, во западната зона блиску Мали.

Војниците, членови на патролните сили на Нигер, убиени се во напад кој го извеле терористите во регионот Уалам.

Зоната Уалам која се наоѓа блиску до Мали  е на стотина километри од главниот град на Нигер, Нијамеј стана нестабилна зона поради бројните напади од екстремистичките групи од Мали.

На барање на Нигер, Франција прифати да помогне во таа област, соопштуваат од француската влада. Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дријан рече дека после разговорите со претседателот на Нигер, Мохамад Исуфуо, дека ќе биде пратен околу 50 до 80 припадници на специјалните француски сили во рок од три дена со цел да помогнат во оваа западноафричка земја.

 

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -