fbpx
24.8 C
Skopje

Фрчат понуди за кафе до министерот Венко Филипче (Фото)

АКТУЕЛНО

Не само најпознат министер, туку веројатно и најпознат лик во Македонија во 2020 година е министерот за здравство Венко Филипче.

За жал пандемијата на коронавирусот направи хаос низ целиот свет. Речиси и не постои држава која остана имуна на овој тежок вирус. Почнувајќи од помоќните Италија, Шпанија, Кина, САД, Германија, па се до држави кои се помали како нашата. И покрај тоа што сме помали, сепак нашите здравствени работници секојдневно се трудат да помогнат, а голем дел од нив за жал во таа битка и самите се заразија со коронавирусот.

Првиот човек на здравството Венко Филипче речиси секојдневно одржува пресконференции на кои ја информира јавноста за најновите случувања во државата поврзани со вирусот. Под секое LIVE вклучување граѓаните можат да остават свој коментар. Па така на денешната пресконференција не изостанаа критиките, но и секако позитивните коментари на сметка на министерот.

Еден од коментарите гласи вака:

Фото

Господине Венко, не сум докторка, ама во мене како обичен смртник лежи муабет. Господине Венко единствен сте. Кажете ми дали вашата понуда за кафе, стои во еден од коментарите.

Foto

Господине Венко гледам дека со ваков народ имате полни раце работа. 90 % тешки пациенти. Ама барем одвојте една кафе пауза со мене ако може. Барем јас за разлика од други не испуштам злоба и завист, стои во друг коментар.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -