fbpx
9 C
Skopje

ФРОДЕМ: Крај на јавашлукот и самоволието преку надпартиска извршна власт

АКТУЕЛНО

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...

Заев: СДСМ ќе го промени своето име, скратеното име и натаму би останало СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите рече дека владејачката партија во иднина планира да го промени името од „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ во „Социјалдемократи...

„Јавашлкот, егоистичната и налудничава политика на партиската врхушка на власт последнава година ги исфрли на површина сите слабости и нефункционалност на системот. Благодарение на филозофија на владеење дека сѐ мора да се контролира, односно колку понеспособни кадри на функција толку полесно владеење, манипулација и полн сопствен џеб, Македонја денес е на колена и на работ на опстанок.

Неспособните и клиентелистички партиски кадри по налог на оние кои ги поставиле на таа функција го урнисаа целокупниот систем на државава (уставен, политички, економски, социјален и безбедносен систем).

Одговорните лица во ЕЛЕМ го доведоа македонскиот електроенергетски систем во очајна состојба. Македонија не е во состојба да ги произве неопходните потребни количините на електрична енергија. За интервентен увоз на електрична енергија за последниве петнаесеттина дена потрошени повеке од 4,2 милиони евра, пари кои ке бидат надокнадени од џебот на сѐ посиромашниот буџет на македонскиот граѓанин.

Истите тие неспособн партиски кадри не доведоа да живееме во најзагадениот град каде смртноста е на највисоко ниво.

Малку повеќе заврнат снег доведува до елементарна непогода и до застој на целиот сообракај. Поплавите во месец август однесоа повеке од 22 жртви и направија милионски штети благодарение на системските грешки, непрофесионализмот и негрижа на надлежните.

Задолженоста на државата секојдневно е на сѐ повиско ниво. Ниту една институција не функционира како што треба. Се е во функција на партиската врхушка и намерен колапс на системот.

Што уште треба да дозволиме да се случи за да конечно ставиме крај на ова беззумие?

Крајно време е сите заеднички да ставиме крај на филозфијата ,,после нас потоп”. Време е на одговорност на сите кои не доведоа до оваа ситуација и крај на продукцијата, промоцијата и протежирањето на послушни и неспособни кадри на високи државни и јавни функции.

Во ситуација кога изборот на Влада на РМ е ставен под знак прашалник и кога сме под сериозна закана за разнебитување на државава ги повикуваме избраните пратеници во Собранието на Република Македонија да се ослободат од партиските стеги и хипотеки, од својата политичка и етничка припадност и да дадат поддршка на идна надпартиска извршна властво која нема да има место за осомничени и обвинети функцинери.

Оваа Влада треба да биде растеретена од теснопартиските, етничките и криминалните побуди и ирационални партиски и лични барања.

Ваквата влада во период од една година ќе може да стави крај на политичиката криза и ќе ја врати државата на вистинскиот колосек, ќе овозмоши владеењето на правото, департизација на институциите и со поддршка на надлежните правосудсни органи да ги изведе пред лицето на правдата сите сторители на кривични дела“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Фабрика на слатки облаци: Руски град во кој се патува поради совршениот традиционален десерт

Кога би се бирал „најслаткиот“ град во Русија, тоа би бил Коломна, кој е синоним за традиционалниот десерт од јаболка наречен пастила. Но, не дозволувајте...

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...

Заев: Неприфатливо е добивање државјанство со сведоци, мора да има доказ

Премиерот Зоран Заев останува на ставот дека барањето на албанската опозиција со три сведоци да се даде државјанство на тие што сè уште имаат...
- Advertisement -