fbpx
-2 C
Skopje

Фуере: Одлуката за отпочнување на преговори е донесена, сега е важно таа да дојде до израз

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

Иако сите се свесни дека пандемијата го забавува процесот, Фуере е согласен дека Европската Унија и покрај кризата успеа да го задржи Балканот на врвот на приоритетите.

Во разговор за МИА, поранешниот амбасадор на ЕУ во Северна Македонија, Ерван Фуере, вели дека е од критична важност во јуни да се донесе одлука за отпочнување на процесот на преговори, со отворањето на првите поглавја.

-Витално е одлуката донесена во март да биде потврдена и да се постигне согласност за следниот чекор, одредување датум за старт на пристапните преговори. Многу време веќе се изгуби и пред коронавирусот минатата година, посебно со француското вето и сега справувањето со вирусот сите ги засега, но тоа не треба да го одложи отпочнувањето на преговорите и одредувањето датум ќе ги фокусира и ЕУ и земјите од западниот Балкан на реформите што се и тоа како уште потребни, вели Фуере за МИА.

Иако сите се свесни дека пандемијата го забавува процесот, Фуере е согласен дека Европската Унија и покрај кризата успеа да го задржи Балканот на врвот на приоритетите.

-Немаше да ја донесат одлуката во март во сред кризата со коронавирусот ако сѐ уште постоеше двоумење околу тоа. Одлуката е донесена, а сега е важно таа да дојде до израз. Многу ќе зависи и од преговарачката рамка што ќе биде презентирана на почетокот на јуни, заедно со извештаите за земјите, но сето ова би требало да го забрза процесот и да потврди дека процесот на проширување е сѐ уште многу жив и дека има вистинска, многу конкретна перспектива за Западниот Балкан, објаснува поранешниот ЕУ амбасадор.

Тој потсетува дека на Северна Македонија сѐ уште и претстои реформска работа, пред сѐ во однос на борбата против високата корупција, организираниот криминал и владеењето на правото, и жали што многу од случаите поврзани за “ерата на Груевски“ не добија завршница.

Затоа, според него, важно ќе биде во процесот на преговори со ЕУ да се воведат ефикасни механизми на мониторинг на имплементација на реформите. Според Фуере новата методологија на преговори нема да биде доволна.

-На пример иницијативите како онаа на Прибе, повеќе примери како праксата на Прибе со повеќе мониторинг на имплементацијата и во случај на назадување, да има мерки како санкции за да се спречи назадувањето на време. И сите области ќе треба да добијат ефикасни мониторинг механизми.

Во интервјуто Фуере се осврна и на тензиите со Бугарија, дебати за кои тој смета дека не припаѓаат во 21 век и ја повика Софија да го нагласи заедничкото наследство наместо да се обидува “да наметне националност на еден од големите херои на Балканот“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Сooбраkajka во Скопје: При судир на два автомобили на ул Јадранска магистрала со тешkи повреди се здобила скопјанka

Најнови вести: Пропаднавме во бездна: Замрзнати лица, очаен пораз на Маkедонија Најново: Еве во кој град е најстудено денес во Македонија Во продолжение веста Скопјанка се здобила...

Булеварко за одбојкарите: Дечките покажаа што значи национален дрес, што значи Македонија

Ако се вратиме наназад 7,8 години ќе се потсетиме дека истиве овие момци гостуваа на низ европа кој како ќе се снајде. Автобуси, коли,...

Апасиев се огласи за пописот: Очекува дека процентот на Албанци ќе изнесува 28,4 отсто

Лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев, смета дека застапеноста на етничката заедница на Албанците во Македонија на пописот на населението што ќе се организира во...

Жител на Берово лажел дека е kиднапиран, при што побарал 10.000 евра од својот татkо за да биде ”ослободен”

Прочитај повеќе во продолжение На 15.01.2021 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово го лишија од слобода М.П.(29) од с.Будинарци, беровско, поради постоење...

Пропаднавме во бездна: Замрзнати лица, очаен пораз на Македонија

Денес Македонија го одигра натпреварот против Египет на Светското првенство во кое доживеавме вистинско понижување, пишува порталот Спортски.мк Египет е фаворит во овој натпревар, па...
- Advertisement -