fbpx
5 C
Skopje

Габриел: Администрацијата на Трамп ја загрозува стабилноста на Германија

АКТУЕЛНО

Миниситерот за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел, вели дека новите политики  Админстрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп насочени против потпишаните меѓународни договори, преставуваат сериозна политичка и економска закана и ја ставаат Германија на ризик.

Шефот на германската дипломатија, кој е воедно и лидер на втората најсилна германска партија, Социјалдемократската партија на Германија (СПД), смета дека политиките на Белата Куќа на долг рок се закана и за САД.

За време на конференција посветена на меѓународното право, Габриел изјавил дека американскиот затвор во воената база Гуантанамо на Куба и забранта за патување на граѓани на одредени доминантно муслимански држави во САД, се против германските вредности.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Габриел најави дека тој ќе работи со новата Администрација на САД со цел да се потенцира значењето на важноста на меѓународните договори. Габриел очекува пораките во врска со оваа активност да бидат пренесени во текот на голем број на посети на САД во блиска иднина.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска заминува во Вашингтон, каде што утре за сите отворени прашања меѓу САД и Германија ќе разговара со Трамп.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -