fbpx
21.8 C
Skopje

Гарет бара нормално функционирање на Собранието

АКТУЕЛНО

Британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, денеска даде лоша оценка за случувањата во Собранието, каде веќе 12 дена се случуваат продолженија на конститутивната седница, со многу обвинувања и со бескрајни реплики и процедурални забелешки, со што седницата се завлекува. Тоа што се случува го поткопува кредибилитетот на Собранието, вели Гарет.

„Парламентот е јадрото на демократијата на Македонија. Сегашните случувања во Собранието на Македонија прават противуслуга за развојот на демократијата. Тие го поткопуваат кредибилитетот на институцијата, во Македонија и надвор од неа. Британија е долгогодишен поддржувач на Македонија. Нашето партнерство со Македонија ќе продолжи. Целосно функционален, транспарентен и одговорен парламент е срцевината на демократијата“, порача амбасадорот.

Тој изјавата ја даде на промоцијата на првиот извештај од надзорот на работата на Собранието на Република Македонија, подготвен од граѓанската асоцијација „Мост“ во рамките на проектот „Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание“. Извештајот ја покрива работата на претходниот парламентарен состав од 1 јануари минатата година до неговото распуштање, на 17 октомври истата година.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -