fbpx
5 C
Skopje

Гатачка измамила жени: Им го земала накитот за да растури магија

АКТУЕЛНО

Две жени од Штип и Кочани биле измамени од гатачки, а случаите ги пријавиле вчера.

Како што информира портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, првата измама се случила на 3 март откако две лица дошле во дворот на штипјанката (50) и под изговор дека знаат да гледаат, ја довеле во заблуда и ѝ одзеле златен накит.

Полиција Police

Вториот случај се случил вчера во 16 часот во Кочани. Измамената 66 годишна жена пријавила дека женско лице дошло во нејзиниот дом и под изговор дека знае да растура магии, ја довело до заблуда. И во овој случај е одземен златен накит.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Кривични за 6 лица од Скопје- приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови

Регионалниот центар за гранични работи Исток при БЈБ поднесе кривични пријави против А.У.(47), С.М.(40), Б.С.(25), А.Л.(46), А.Н.(45) и Д.Л.(21), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на пандемија“ и „фалсификување на исправа“.

Во периодот од 31.01.2021 до 12.02.2021 пријавените на Граничен премин Деве Баир приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -