fbpx
10.3 C
Skopje

ГДУ го промовираше својот кандидат за градоначалник на Охрид, Михаил Трендафилов Нанче

АКТУЕЛНО

Љубчо Георгиевски се огласи за интервјуто на Заев:Заев решава два-три крупни проблеми од државен аспект

Љубчо Георгивески, лидер на ВМРО Народна партија, е на став дека сите работи што ги кажал премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС се...

Николов: 100 штипски куќи во населбата Света Недела за социјално загрозените семејства

Штип се грижи и ќе се грижи за секој еден свој жител. Солидарноста, хуманоста и посветеноста се нашиот столб и во тој дух ќе...

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Михаил Трендафилов – Нанче е кандидат на Граѓанско демократската унија (ГДУ) за градоначалник на Охрид. Кандидатурата на Трендафилов беше претставена денеска во новите простории на локалниот клуб на партијата во Охрид.

ГДУ е првата партија која промовира кандидат за градоначалник на Охрид.

Како основни проблеми со кои се соочува општина Охрид, претседателот Петар Колев ги посочи презадолженоста на општина Охрид и иселувањето на младите како резултат на „недомаќинското работење на сите досегашни локални власти без исклучок“.

Колев истакна дека и покрај фактот што градот се наоѓа под заштита на УНЕСКО, и би требало да биде најсредениот, најчистиот и најподредениот град, тоа не е така бидејќи повеќе од 27 години градот не може да го реши проблемот со колекторскиот систем, и редовно секоја сезона, конкурентните туристички центри особено од соседните земји го користат овој факт како аргумент за оцрнувачка кампања против Охрид.

За кандидатот Трендафилов-Нанче, Колев рече дека е човек со карактер, волја, јасна визија и желба за промени.

– Човек со достоинство и чест, кој е готов да се спротивстави и на проблеми од кои другите дали од страв или поради нивното властољубие или среброљубие успешно бегаат преку годините! Човек кој знае да каже не! НЕ на незаконието, неправдата, нечесноста, лицемерието – рече Колев и ги повика охриѓани да го поддржат кандидатот на ГДУ.

Кандидатот Михаил Трендафилов – Нанче изрази задоволство што е кандидат на партија за која рече дека е без хипотеки од минатото, составена од млади луѓе кои се авангарда и иднина на Македонија.

– Време е дефинитивно да изградиме општество на рамноправни луѓе, ослободено од секаков вид измами. Општество спремно за културен натпревар, унија, па нели се стремиме кон ЕУ! Дури не изградиме наша унија, додека не сфатиме дека заедно сме посилни, дури не изградиме среќен дом, нема што да бараме во Европа. Наша цел е да ги обединиме сите прогресивни сили, посебно од СДСМ и ВМРО, да им се даде црвен картон на ретроградните во нивните редови и да излеземе од овој жив песок. Да почнеме од Охрид – порача тој и вети дека ако биде избран ќе се бори за доследна примена на законите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Николовски : Штип заслужува да е во сигурни раце

Денеска се приклучив на централниот караван на #СДСМ во Штип, со поддршка и промоција на програмата на Д-р Сашко Николов. Само со Сашко Николов,...

Миленко го нарече Апасиев шарено kурле и му порача: Парите од хонорар кај Катица да ги вратиш

Шареното kурле го рушеше Грујо за да дојде Заев. Заев дојде, kурлето во парламент кворум му обезбедува. Еднаш шарен - секогаш шарен. Парите од хонорар кај...

Љубчо Георгиевски се огласи за интервјуто на Заев:Заев решава два-три крупни проблеми од државен аспект

Љубчо Георгивески, лидер на ВМРО Народна партија, е на став дека сите работи што ги кажал премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС се...

Еве kои групи на луѓе треба да јадат лимон секој ден: Во состојба е да излеkува сериозни болести

Доволниот внес на витамин Ц спречува создавање на камен во жолчката, а ефикасно се бори против настинките и поттикнува регенерација на коските. Лимонската киселина...

Николов: 100 штипски куќи во населбата Света Недела за социјално загрозените семејства

Штип се грижи и ќе се грижи за секој еден свој жител. Солидарноста, хуманоста и посветеноста се нашиот столб и во тој дух ќе...
- Advertisement -