fbpx
-2 C
Skopje

ГДУ Куманово со нови предлог мерки во борбата против корона вирусот

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

„Граѓанско Демократска Унија врз основа на искуствата од овие неколку дена воспоставена вонредна состојба, како и искуствата од другите погодени земји од светот, ги предлага овие 5 мерки кои што Владата треба, час поскоро, да ги усвои и имплементира.

Полициски час од 17.00 часот до 06.00 часот;
Дозволено движење на лица постари од 60 години само од 06.00 до 09.00 часот;
Јавно објавен список на лица кои се ставени во самоизолација или задолжителен државен карантин;
Итни, строго контролирани и транспарентни тендери за набавка на респиратори, заштитни одела, заштитни маски и сите потребни медикаменти;
Лимитирано дозволено купување на неопходните артикли во продавниците и аптеките;

Полицискиот час кој вчера беше прогласен, според сите релевантни чинители нема да влијае на ширењето на вирусот, туку само на ограниченото движење на населението. Значи практично нема ништо да смени. За вистински резултати на полицискиот час мора истиот да биде во подолг период и надвор од неговиот опсег да биде само времето неопходно потребно за извршување на работните задачи или набавките на храна и лекови.

Лицата постари од 60 години, како целно најпогодена група од вирусот, мора да имаат уште порестриктивно право на движење. Нема веќе бесцелно шетање по улиците, плоштадите, парковите, продавниците. Само набавка на храна и лекови кога има најмалку движење на населението и затварање во домовите. Во останатиот период да бидат максимално опслужувани од волонтери.

По примерот на Црна Гора, јавно објавување и секојдневно обновување на списокот на лицата кои се во задолжителна самоизолација или задолжителен државен карантин. Нема тука податоци дали само се потенцијални или се навистина заболени. Само име, презиме, адреса каде се наоѓа лицето моментално. За оваа намена ќе биде суспендиран од употреба Законот за заштита на лични податоци. Сепак јавниот интерес-јавното здравје е попретежен во моментот отколку заштитата на личните податоци на поединците.
Нашиот здравствен систем ни оддалеку не е подготвен за борбата што му претстои. Мора да ги опремиме болниците, но и да го заштитите здравствениот персонал. Не можеме со народни лекови и бабини чајчиња да го победиме вирусот. Мора брзо да се реагира за набавките, но сепак сето тоа во законски испочитувани тендерски постапки. Кога сѐ ќе заврши, ќе се поднесуваат сметки и тогаш сакале или не, некој и кривично ќе одговара ако има злоупотреби.

Искуството на Данска да го копираме, без модификации. Артиклите во продавниците и аптеките треба да им бидат достапни на што е поширок круг на луѓе. Несолидарното и себично купување само за себе, без осет за оние што ќе дојдат после нас или што немаат толку пари се решава брзо и едноставно. Првиот производ по пазарна цена, а секој следен за 1000% поскапо, па повелете купете. Секако ова се под силна контрола на Државниот пазарен инспекторат, за да ги избегнеме сите злоупотреби околу определување на пазарната цена. Секој обид за профитирање на грб на граѓаните да се казнува со ригорозни санкции, по џебот на сопствениците“, се вели во соопштението на ГДУ-Куманово.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Ново видео на „Тик-Ток“ во кое возач лудува по македонските улици и вози со 255 км/ч (ВИДЕО)

По вчерашното видео на „Тик-Ток“ каде граѓани користат полициски значки и палки за да поминат патарини денес е објавено ново видео каде возач управува...

Утре е Водопост, на овој ден мајките никако не смеат да заборават да го направат ова

Празникот Водици го менува денот, но датумот не. Се празнува на 19 јануари. Меѓутоа обичаите сврзани со празнувањето на овој Свет ден се врзани...

Бил Гејтс и Рокфелер веќе ги прават новите ковид пасоши: Како ќе функционираат?

Американските технолошки и здравствени гиганти, вклучувајќи ги Мајкрософт, Клиниката Мејо и Оракл, се здружија за да создадат нови ковид пасоши за вакцинација. Благодарение на новите...

Скијање и прошетка без почитување на мерките: Каде е сега ЕБР?

Центарот „Нижеполе“ преполн на почетокот од скијачката сезона. Посетителите го користат викендот за скијање и прошетка, по најавата дека стазата е отворена, но и дека...

Убаво: Владата ќе дели помош за купување на сончеви колектори, пвц прозори, печки на пелети

Најновите вести од Македонија и светот На предлог на Министерството за економија, беше разгледана и усвоена Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и...
- Advertisement -