fbpx
16 C
Skopje

ГДУ – власта во заминување го гази достоинството на просветарите

АКТУЕЛНО

„Новости за просветните работници. Оние истите што штрајкуваа на 2 септември за поголеми плати, кои требаше да го вратат разнишаното достоинство. Сега како класни раководители ќе имаат три месеци, односно до крајот на годината, плати помали за паричниот надоместок во износ од 1.000 денари. Значи кај нема зголемување, сега ќе има и намалување.

Е ова се вика предизборие. Сега ќе се прави истата „финта“ како при попуст во продавниците. Таму цените одат до небеса, за да со попуст бидат пак поголеми од нормалните. Овде платите прво се намалуваат, па после се зголемуваат за ист износ. Ама Владата „труби“ на големо дека платите на просветните работници се зголемени и дека повторно е исполнето некое нивно ветување. А тоа ветување, одамна е заборавено.

Сега Владата во заминување, ветува зголемување на платите на просветарите до 10% по Нова Година и за тоа бара поддршка од СОНК небаре сите нивни барања се исполнети. Ем нема генерален штрајк, најавуван по првото полугодие, ем има нови резултати за фалење пред народот на плоштадите во екот на изборната кампања. Две муви со еден удар.

Граѓанско Демократска Унија-Куманово, сѐ уште како непарламентарна партија, ја нема силината да менува или корегира државна политика. Ама затоа има сила да ги изнесува јасно и гласно ставовите на своите членови кои не сакаат да бидат предмет на манипулација. А случајот е класична измама и манипулација на учителите и наставниците, носители на образованието и културата во нашата држава.

Не смееме да дозволиме тие исти просветари да бидат жртви на изборите во најава, да нивното достоинство уште еднаш биде погазено. Наместо да им се дадат подобри услови и да им се овозможи да ја работат работата која ја сакаат и за која се остручени како и нивните колеги во ЕУ, нашата Влада, на една нога на излезна врата, сака да ги поткупи за следните избори. Сака да ги плати со нивните заработени пари. Дволичност пуштена на најјако.

Епа сега следниот чекор е наш. Дали ќе прифатиме вакви игри, како и секогаш до сега или ќе собереме сила да се спротивставиме и еднаш засекогаш да расчистиме што се смее, а што не?! Одговорот мора да биде соодветен на предизвикот. Владата ја фрли коцката. Нема назад“, се вели во соопштението на ГДУ-Куманово.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -