17 C
Skopje

ГДУ ШТИП го прослави својот прв роденден (Галерија)

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

United Group, сопственикот на Тотал ТВ, го презеде бугарскиот Vivacom

United Group, водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во чиј состав во Македонија функционира Тотал ТВ, денес го објави завршувањето на...

Локалниот клуб на ГДУ Штип денес во хотел „Оаза“ го прослави својот прв роденден. На настанот се обратија претседателот на локалниот клуб Борче Пачемски, Бојана Дрангова и претседателот на ГДУ Петар Колев.

ФОТО ПОГЛЕД

Досегашните партии донесоа се освен мир, правда и еднаквост. Ние одбравме да бидеме заробени меѓу две партии кои 28 години владеат со нас како да сме им робови. Господа, да не дозволиме повеќе СДСМ и ВМРО да си играат со нас, време е да се освестиме и да дадеме шанса на некои други, рече Дрангова во своето обраќање.

ФОТО ПОГЛЕД

Ќе мораме да се откажеме од оние кои ни го разболуваат нашето општество. Каква е вистината во верниот исток? Ете сами видете во својот џеб дали од пред 20 години со истите 1.000 денари и денеска со истите 1.000 денари можете да купите исто? Се разбира дека не можете. Ги изеде инфлацијата и тоа е вистината. Кога зборуваме за економски раст и кога ни раскажуваат шарени бајки треба да знаат дека економскиот раст е директно сврзан со куповната моќ на граѓаните. Колку повеќе тие трошат, толку повеќе индустријата има потреба да произведува. Така се прави економски раст. ГДУ за да се спротистави на инфлацијата предлага не покачување на даноци, акцизи, намалување на даноците, основните прехранбени продукти како и лекарствата и книгите треба да бидат облагани со 5 % ДДВ. И да знам, ќе се појави дупка во буџетот, како ќе го решиме тоа. Прво, без глупави проекти како Скопје 2014 на кои се потрошени 750 милиони евра наши пари. Два. Без хелихоптери од 30, 40, 50 милиони евра. Ние немаме возила за брза помош, небаре сме стигнале на нивото на Швајцарија ќе купуваме хеликоптери. Какви домаќини се овие кои не раководат повеќе од 30 години. Претставете си ја следната хипотеза. Да имате дома пукната цевка за вода и наместо да ја санирате, вие на кредит да си купите плазма телевизор од 1.500 евра. Е така функционира нашата влада.

ФОТО ПОГЛЕД

Трета мерка. Рационализација на именуваните и избрани функционери. Во нашата Влада ние сме со најголем број на министри во цела Европа, од нив близу една третина се министри без ресор. Да ги прашам Заев и Мицкоски бидејќи тие се од приватниот сектор и имаат свои компании, на колку директори свои без ресор кои немаат никакви обврски им даваат плата од сопствените џебови. На ниту еден нели. Тогаш зошто ние со нашите даноци треба да купуваме политички мир. На Македонија не и се потребни министри без ресор. Чуму и се на Македонија 120 пратеници, ние можеме да функционираме со 60 ефективни пратеници. Затоа ние се залагаме за промена на изборниот модел, отворени листи, но и намалување на бројот на пратеници во Собрание, рече во своето обраќање претседателот на ГДУ Петар Колев.

Фото

ФОТО ПОГЛЕД

ФОТО ПОГЛЕД

ФОТО ПОГЛЕД

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -