fbpx
15 C
Skopje

Состојбата со реката Вардар е очајна, велат од ГДУ – зошто Нуредини не реагира

АКТУЕЛНО

„Сезоната на балови во Виена започнува во месец февруари, министерот Нуредини ќе даде изјава по завршувањето на настанот – во меѓувреме, на располагање е Заменикот, со мустаќи или без нив, сеедно, ефектот е ист!

Состојбата на реката Вардар е очајна. Амбасадорите ни го чистат ѓубрето покрај Вардар, а коритото на Вардар со години е преполно со ѓубре, комунален и градежен смет, стари машини за перење, апарати за домаќинство и феклен отпад, за кој никој од политичарите не предвидел решение.

Жално. Доволно е да се доближите до ивицата на кејот и погледнете одблизу, ќе видите и помирисате отпадна вода, полна со фекалии. Во водата е откриено и присуство на метали. Во Вардар се фрла сѐ и сешто. Еколошките здруженија постојано алармираат. Има и помор на риба. Но кој да ги слушне?

Министерството за животна средина и Град Скопје не реагираат. Шилегов во 2017-тата година, кога ја бараше довербата од скопјани, меѓу многуте ветувања, вети и дека ќе го уреди кејот на реката Вардар. Но, не само што не се фати за работа и да го уреди кејот, туку и ѓубрето го остави во Вардар. Се спасивме од Панорамското тркало, ама не и од нечистотијата.

Одговорноста не е само кај Град Скопје. Нечистотата на реките зависи од волјата на сите општини низ кои тие поминуваат. Но ние речиси и не сме слушнале за некакви меѓуопштински иницијативи за одржување на хигиената на реките.

Реката нема континуиран мониторинг. И локалните власти прстот го вперуваат кон несовесните граѓани. Но ние прашуваме, кој треба да ги спречи нив? И дали треба да се остави во водата она што го фрлил некој?

Во Вардар има повеќе ѓубре отколку што има вода. Вардар не заслужува инертен однос. Состојбата е алармантна! Сликата е жалосна“, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ГДУ, Дарко Попоски.

Во Вардар има повеќе ѓубре отколку што има вода!

Почитувани,Сезоната на балови во Виена започнува во месец февруари, министерот Нуредини ќе даде изјава по завршувањето на настанот – во меѓувреме, на располагање е Заменикот, со мустаќи или без нив, сеедно, ефектот е ист!Состојбата на реката Вардар е очајна. Амбасадорите ни го чистат ѓубрето покрај Вардар, а коритото на Вардар со години е преполно со ѓубре, комунален и градежен смет, стари машини за перење, апарати за домаќинство и феклен отпад, за кој никој од политичарите не предвидел решение. Жално. Доволно е да се доближите до ивицата на кејот и погледнете одблизу, ќе видите и помирисате отпадна вода, полна со фекалии. Во водата е откриено и присуство на метали. Во Вардар се фрла сѐ и сешто. Еколошките здруженија постојано алармираат. Има и помор на риба. Но кој да ги слушне? Министерството за животна средина и Град Скопје не реагираат. Шилегов во 2017-тата година, кога ја бараше довербата од скопјани, меѓу многуте ветувања, вети и дека ќе го уреди кејот на реката Вардар. Но, не само што не се фати за работа и да го уреди кејот, туку и ѓубрето го остави во Вардар. Се спасивме од Панорамското тркало, ама не и од нечистотијата. Одговорноста не е само кај Град Скопје. Нечистотата на реките зависи од волјата на сите општини низ кои тие поминуваат. Но ние речиси и не сме слушнале за некакви меѓуопштински иницијативи за одржување на хигиената на реките. Реката нема континуиран мониторинг. И локалните власти прстот го вперуваат кон несовесните граѓани. Но ние прашуваме, кој треба да ги спречи нив? И дали треба да се остави во водата она што го фрлил некој? Во Вардар има повеќе ѓубре отколку што има вода. Вардар не заслужува инертен однос. Состојбата е алармантна! Сликата е жалосна!

Posted by Граѓанско Демократска Унија on Tuesday, November 12, 2019

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -