fbpx
2.8 C
Skopje

Генчов: Македонија влегува во фаза на внатре етничка поделба и на уште потрагична поделеност на македонците

АКТУЕЛНО

Странски дипломати е потребно да доаѓаат, тоа е нормално за земја која сака да стане член на ЕУ и НАТО. Тие во нормални услови не би дошле. Ангела Меркел, Столтенберг, Курц и сите оние од висок ранг доаѓаат во услови кои се вонредни. Доаѓаа во 2004 година, доаѓаа при бегалски кризи и во насока на ова е многу интересно е што нивното присуство носи ризик за самите нив за угледот кој го имаат во своите земји, бидејќи голем дел од нашите граѓани во овие посети, гледаат и одреден вид притисок како да се изјаснат на референдумот, вели аналитичарот Александар Генчов во интервју за Алфа ТВ.

Со сета почит која ја имам кон нив, имам висок респект кон сите нив, но тие носат ризик да нивните посети донесат контра ефект наместо посакуваниот ефект кој тие го имаат верификувано во нивните ставови. Сметам дека голем дел од граѓанството што ги следи на вести, доаѓаат со извесен став дека се врши притисок, со што се носи ризик за контра-ефект, вели Генчов.

Покрај тоа што Меркел ќе ни каже на нас, многу е битно што ние ќе и кажеме на нејзе. Она што македонските политички партии треба не само на госпоѓа Меркел и Столтенберг да им ја кажат основата а тоа е дека Македонија влегува во највисоката фаза на поделеност.

Видливо е дека имате еден ред на сите албанци кои застануваат во одбрана на референдумот кои ќе гласаат „ЗА“. Од другата страна ја имате македонската нација која е страотно поделена, разорена со силни дебати, една состојба на поделен народ не може да донесе продуктивна одлука и да носи добро за меѓународните релации на државата. Имам мислење и за добри елементи од овој договор, но во ваков момент кога имаме ваква поделеност кај македонците, тогаш ќе дојдеме до нов проблем кој нема да и донесе ништо добро на Макеоднија.

Македонија според Генчов влегува во фаза на внатре етничка поделба и на уште потрагична поделеност на македонците.

Според Генчов овде не станува збор само за политички одлуки, туку за одлуки кои и те како влијат на идентитетот на нашата нација.

Повторно ќе нагласам, овде, на овој референдум одговараме три прашања, а не едно прашање. Албанците ја сакаат Македонија целовита, а не сакаат Голема Албанија. Покрај други причини, тие ја сакаат таква поради нашата разединетост и демографската состојба која е на нивна страна. Ние мораме да се соочиме со факт дека уште сме во внатрешни преговори со албанците. Имаме недовршен закон за јазици, имаме знаме кое што на патот Кичево – Струга се вее знаме од 30 метри на Албанија. Како се чувствуваат Македонците кои не можеа да изградат Крст во Бутел, а на еден километар лево имате симбол од УЧК, вели Генчов.

Јас само сакам да кажам дека во интерес на вистината е дека некои прашања мора да се соочат лице во лице, а тоа се навистина сензибилни прашања во поглед на она што го зборуваме сега. Од сите овие што го поддржуваат референдумот дали еднаш сте слушнале овие прашања да ги отвори и да го нападне условно кажано албанскиот национализам. Македонскиот национализам е константно напаѓан, додава тој.

 

 

Треба да ги разликуваме поимите ентицитет и националност. Тие во меѓународните односи не се исто. Nationality го одредува името на нацијата, таму каде што стои Nationality не стои Република Македонија стои Macedonain/ Citizens of Republic of North Macedonia. Таму каде што треба да стои etnicity не стои macedonian etnicity, не стои albanian etnicity. Тоа што во сите земји го одредува националниот код овде е сменет. Етничкиот код овде го нема, вели Генчов притоа додава: Немате во договорот етникум, 100 пати сум го прочитал договорот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -