fbpx
5 C
Skopje

Георгиевски: 30 години продаваме ароганција спрема Бугарија, сега пак ароганцијата се префрли од бугарска страна

АКТУЕЛНО

30 години продаваме аргонација спрема Бугарија, сега дојде една Влада која се обидува да ја омекне работата, но чувствувам дека ароганцијата се префрли од бугарска страна. Имам чувство дека претседателот, премиерот, министерот, европарламентарците како се тркаат кој ќе биде повеќе арогантен спрема македонска страна. Прво им пречеше Северна Македонија, па потоа ја извадија паролата да придавката „македонско“ да не може да се користи, па се повлекоа од таа дискусија и сега повторно влегоа во една дискусија која е непотребна, а тонот и стилот кој го применуваат може повеќе да наштети отколку да ја подобри позицијата.

Не можам да не кажам дека кога бев премиер потпишав Декларација за пријателство. Таа толку беше напаѓана во Македонија, сега јас да ги прашам сите тие критичари, дали разбираат што имаа со таа декларација? Практично само требаше да бидеме пријатели, без никакви обврски. Ние ќе дојдевме до сега и немаше да имаме никаков проблем. Ситуацијата ескалираше со Никола Груевски кој се правеше многу патриот, по што сега имаме ситуација од која не знам како ќе излеземе. Мене лично ми е жал што структурите во Бугарија тоа што владата на СДСМ се обидува да го направи меѓу односите на двете држави, рече екс премиерот Љубчо Георгиевски во неговото гостување на ТВ24.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -