fbpx
11 C
Skopje

Георгиевски: Да правиме граѓанска држава е легитимно, но двојазичноста не е рецептот за тоа!

АКТУЕЛНО

Директорот на Шутка откри како е сместен Сашо Мијалков и што се презема за него

Како што е познато Сашо Мијалков екс директор на УБК од вчера се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Филип Андонов, директорот на затворот...

Брзал да се вakцинира, 88 годишник возел 191 км на час

Француската полиција се изненадила кога запрела 88 годишен маж кој управувал со автомобил, а возел 191 км/ч. Ограничувањето на патот по кој возел е 110...

Јавете се на овие броеви ако сте во странство и имате прашања за пописот

На сајтот на Министерството за надворешни работи се објавени телефонски броеви што ќе функционираат 24 часа и ќе бидат достапни за граѓаните за информации...

Стојанчe Ангелов со коментар за вчерашнитe протести во Скопје: Монструм и помирување не одат заедно

Стојанче Ангелов утрово се огласи на фејсбук по повод вчерашните протести во Скопје и напиша: МОНСТРУМ И ПОМИРУВАЊЕ НЕ ОДАТ ЗАЕДНО Скандирањето “УЧК“, “Етничка Албанија”, мавтањето...

Поранешниот премиер на Република Македонија и сегашен лидер на ВМРО НП, Љубчо Георгиевски, во гостувањето на емисијата „Отворено студио“ на ТВ НОВА, се осврна на актуелната политичка ситуација, одговарајќи на прашања за платформата на албанските политички партии, за барањето за двојазичност на целата територија на Република Македонија, како и за дејствувањето на СЈО, евентуалната ситуација доколку Македонија биде една изборна единица.

„Јас лично сметам дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кокетираат со прашањето за двојазичноста, а доколку албанскиот јазик биде официјализиран како втор јазик во државата, тоа може да донесе големи штетни последици, бидејќи на тој начин едниот јазик го исклучува другиот и во таа насока сметам дека албанскиот јазик не смее да биде втор официјален јазик во државата.

Ако тоа се прифати, македонците од Западна Македонија ќе мора да учат албански јазик ако сакаат да преживеат. За мене, прашањето да правиме граѓанска држава е легитимно, но платформата и двојазичноста не е рецептот за правење на граѓанска држава“, вели Георгиевски.

Тој го истакна своето жалење, за како што вели самиот, непринципиелната платформа на албанските политички партии, за која македонските политички партии се довеле во ситуација да се борат како да водат борба за живот и смрт.

„Самото учевство на истите луѓе ја прави работата непринципиелна, но и албанската политичка платформа апсолутно непринципиелна. Овие исти луѓе ја направија кризата во 2001, тие 12 години се на власт и сега после 12 години излегуваат со платформа која отвора многу чувствителни прашања, со цел најверојатно да ја продлабочат кризата во Република Македонија“, додава поранешниот премиер.

На прашањето за СЈО, кое исто е дел од преговорите помеѓу политичките партии, Георгиевски го повтори својот став, велејќи дека ја поддржува работата на СЈО, но истовремено е разочаран од одлуката на Специјалното јавно обвинителство за повлекување на случајот „Пуч“, бидејќи преку таа афера, како што вели самиот Георгиевски, ќе се видело кој е виновен, кој е невин и конечно ќе се расчистело за тоа кој прислушувал во Република Македонија.

„Не е спорно дека Владата прислушувала и тоа ќе го гледаме преку делата на СЈО, но второто прашање останува нерасчистено а тоа е колку „уфрлените“ играчи си земале за право да си приклучуваат дополнително следење на комуникациите по своја желба“, смета Георгиевски.

Георгиевски го повтори ставот на својата партија за Македонија да биде една изборна единица, која според него ќе претставува основа за вистинска демократизација на Република Македонија.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Љубчо Георгиевски со предлог како да се реши спорот со Бугарија

Гледам дека Македонско-Бугарските односи се движат кон нов ќор-сокак а понатаму и кон нова ескалација на сите нивоа која може да доведе до долгодишна...

Директорот на Шутка откри како е сместен Сашо Мијалков и што се презема за него

Како што е познато Сашо Мијалков екс директор на УБК од вчера се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Филип Андонов, директорот на затворот...

НОВА ГОЛЕМА ТРАЕДИЈА ВО МAKЕДОНИЈА: ПОЧИНА МАЖ ОД СКОПЈЕ ОТКАКО ПАДНА ОД КAPПА

Во Полициската станица Кавадарци, М.Џ.(71) од Скопје вчера попладне пријавила дека нејзиниот сопруг Е.Џ.(75). Тој паднал од карпа кај село Кошани, на место викано „Дол“,...

МВР ги приведе Миленко Неделковски и Александар Пандов

МВР соопшти дека синоќа во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека угостителски објект на ул.„6“ во с.Стајковци, сопственост на С.П. и А.П....

Брзал да се вakцинира, 88 годишник возел 191 км на час

Француската полиција се изненадила кога запрела 88 годишен маж кој управувал со автомобил, а возел 191 км/ч. Ограничувањето на патот по кој возел е 110...
- Advertisement -