fbpx
32.8 C
Skopje

Георгиевски: Глигоров го прекрши уставот во 1990 бидејќи не го даде мандатот на победничката партија

АКТУЕЛНО

Претседателот на ВМРО НП, Љубчо Георгиевски на својот фејсбук профил потсети на чекорот на тогашниот претседател на Македонија, Киро Глигоров да го даде мандатот за создавање на Влада на Република Македонија на опозициската СДСМ, иако на тие парламентарни избори победник беше ВМРО-ДПМНЕ на чело со Георгиевски.

Сите споменуваат дека Глигоров двапати го даде мандатот на СДСМ, но никој не спомeна за кршењето на уставот од страна на тогашниот Претседател на Република Македонија Глигоров, додава Георгиевски.

Тој напоменувата дека ако се следи таканаречениот дух на европска демократија, сега Претседателот на државата Иванов, во најмала рака треба веднаш да го предаде мандатот на опозициската СДСМ, кои ако не успеат да формираат влада, Иванов мандатот да го предаде на ДУИ. И тогаш ако не се дојде до решение за формирање на влада, Георгиевски потенцира дека предвремените парламентарни избори немаа никаква смисла и ќе биде потребна промена на уставот и нови избори.

Деновиве се спомнува само примерот кога Претседателот Киро Глигоров два пати по ред им го даде мандатот на СДСМ.Не знам…

Posted by Ljubco Georgievski on Tuesday, January 31, 2017

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -