fbpx
-4 C
Skopje

Георгиевски открива што бара, а што не бара Бугарија, но и до каде има поместување во работата на комисијата за историските прашања

АКТУЕЛНО

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Заев го победи Црвенковски со 3:0 – ја направи СДСМ победничка партија, ја внесе Македонија во НАТО и е на чекор до ЕУ

Пенал(и) за Зоран Заев - фејсбук статус на Дарко Пешевски од ВМРО НП Го изгледав неколку пати интервјуто на премиерот но и го прочитав неколку...

Николовски: Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија,

Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија. Патниот правец Крива Паланка...

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, со потпретседателот на Владата и министер за одбрана, Красимир Каракачанов и со генералниот секретар во кабинетот на престедателот Румен Радев, Димитар Стојанов, а притоа имаше интервјуа и настапи за повеќе медиуми.

Како што информираат од ВМРО-Народна, Георгиевски во рамки на состаноците, се обидел да го објасни неговото мислење и позиција дека сепак во македонско-бугарските односи има напредок.

„Тој стави посебен акцент на работата на заедничката историска комисија која и покрај тоа што можеби не работи со идеално темпо, сепак, има направено големо поместување напред што треба да биде позитивно оценето од страна на нашите соседи“, информираат од политичката партија.

Од страна на соговорниците било потенцирано дека тие не бараат нова промена на Уставот на Македонија, дека не бараат нов посебен договор но инсистираат на спроведување со јасно темпо на досега договореното помеѓу двете држави, со посебен акцент на историската комисија.

Притоа на крајот било заклучено дека во наредниот период ќе се интензивира работата за да не дојде до ставање вето на патот на Македонија кон Европската унија.

Во интервјуто пак во 360 степени пред да замине во Бугарија Георгиевски зборуваше и за односот на одредени луѓе спрема македонско-бугарските односи за кои вели дека го промениле своето мислење кое го имале пред две години.

Во ВМРО-ДПМНЕ има многу луѓе кои порано многу храбро зборуваа за таа општа, заедничка историја со Бугарија. И сега ми е чудно кога ќе ги слушнам ставовите кои ги изнесуваат во медиумите.
Еден мој пријател кој 30 години ми беше близок соработник, пред две години се разделивме и тој отиде во ВМРО-ДПМНЕ. Го слушам на интервју како вели дека Заев ќе го продаде Гоце Делчев на Бугарите. А, можам да донесам барем 100 луѓе кои тој ги убедувал дека имаме заедничка историја со Бугарија, вели Георгиевски.

ПОВРЗАНО: Заев ја извести јавноста дека се слушнал со Бојко Борисов

Некаде пред 11 октомври, пред празникот, имав разговор, со мојот добар пријател, Бојко Борисов, разговаравме, навистина искрено пријателски. Разговаравме дека треба да ги охрабриме двете комисии, да продолжат со работа низ историските прашања, да изнаоѓаат решенија. Други телефонски разговори немавме со премиерот Борисов , но не е на одмет кога , на било која волја, негова или моја, да ги завртиме телефоните и секогаш да поразговараме.- изјави Заев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Доктор појаснува: Еве кога и како може да се заразите со Ковид-19 носејќи заштитна маска

„Колку почесто излегувате надвор и повеќе време поминувате во гужва, почесто треба да ја перете вашата заштитна маска или пак едноставно да ја фрлите...

Николов: Предвидуваме изградба на конзоли за пешаци на река Отиња.

За три години, локалната самоуправа предводена од СДСМ реализираше бројни капитални проекти, важни за унапредување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.Штип мора да...

Богојески распали по Груевски: Завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање

Оваа завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање... за стопирање на македонската интеграција во ЕУ... Но штом го чепнаа кај што го...

Венко Филипче со важна информација: Добивме 13.500 брзи тестови од Норвешка

Денеска добивме донација од 13500 брзи тестови од Норвешка, а 10000 од нив ќе бидат за Министерството за здравство. Оваа помош произлезе од потпишаниот...

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...
- Advertisement -