fbpx
17 C
Skopje

Георгиевски: Платформата на албанските политички партии е негирање на Охридскиот рамковен договор!

АКТУЕЛНО

Поранешниот премиер, а сегашен лидер на ВМРО НП, Љубчо Георгиевски на својот профил на Фејсбук рече дека платформата на албанските политички партии е негирање и дерогирање на Охридскиот рамковен договор. Според него, приказната дека тој останал отворен и сега се довршуваат отворените прашања е лажна.

Статусот на Георгиевски ви го пренесуваме во целост:

„Платформата на албанските партии е негирање и дерогирање на Охридскиот рамковен договор. Приказната дека тој останал отворен и сега се довршуваат отворените прашања е лажна. Охридскиот договор е затворен и оверен од меѓународната заедница со договор. За жал и двете партии наместо да ја одбијат платформата како безпредметна и двете влегоа во суштинска дебата и така и дадоа легимитет, прво ВМРО-ДПМНЕ а потоа и СДСМ без задршка. 

Претседателот Иванов по втор пат го погазува Уставот на Македонија, Македонската и европската демократска пракса. Уставот е недвосмислено јасен, тој мора да го даде мандатот на оние партии кои обезбедиле мнозинство. Во спротивно тој ризикува да ја воведе Македонија во меѓународна изолација, да ги запали етничките страсти и да ја суспендира демократијата.

Доколку новата влада на СДСМ носи непринципиелни и неуставни закони постои уставен суд кој ке ги поништува истите. А народот веќе во мај на локалните избори со историски пораз ќе ги казни. ВМРО-ДПМНЕ не смее да ги сруши сите мостови спрема албанските политички партии, не смее да стане непријател на земјите од евроатланската заедница. Не смее да си игра со стабилноста и безбедноста на земјата. По никоја цена не треба да ги одложува локалните избори бидејќи има шанса за голем триумф како прв чекор кон новото демократско враќање на власт“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -