26 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Чулев: Строго ќе се санкционираат активностите во насока на поткуп на гласачи

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Наќе Чулев денес на 29.06.2020 оствари средба со граѓаните од Шуто Оризари со претставници на ромските организации...

Заев од Гевгелија: Обнова му треба на ВМРО-ДПМНЕ, а не на државата, таа е на прав пат

СДСМ ги престави носителите во четвртата изборна единица, Зоран Заев и Соња Мираковска, на трибина во Гевгелија. Лидерот на партијата во говорот се осврна...

Георгиевски: Поради фрустрациите и провокациите кон Грците од страна на Груевски добивме барање за промена на уставното име

Фрустрацијата да се носи вергина или некаков симбол произлегува од тие луѓе кои сега сакаат да докажат колку се тие големи вмровци. Од 90 година до 2002 година Сиљановска секогаш беше на страна на СДСМ. Ние сме ја критикувале неа како некој кој е човек на Бранко Црвенковски. Сега она се претставува како новото патриотско лице на Македонија. Илија Камчев беше покоректен. Бевме добри познаници со него. Тој беше навистина широк човек. Тој покажуваше наклоност кон ВМРО. Факт е дека сепак оние беа просдсмовски определени. Откако доаѓа Никола, после неговата победа, тој станува една од иконите на ВМРО, но и многу други луѓе.

Зборувајќи за екс премиерот Груевски, кој стана претседател на ВМРО-ДПМНЕ по заложба на Љубчо Георгиевски, тој рече:

Јас моите ставови за Бугарија, за пријателство, за промена, за реформи на дел од македонската историја која нема никаква врска со реалноста сум ги кажувал јавно. Не можете да најдете ниту еден човек кој јас сум го убедувал да го прифати моето мислење. Јас сум го кажал тоа јавно. Во таа насока, ниту сум форсирал некого, ниту сум давал функции некому затоа што бил бугарофил. Веројатно еден дел од тие клиентилистички расположени вмровци имаа потреба да ми објаснуваат што се знаат за блискоста со Бугарија. Како се малтретирани нивните фамилии, чиј дедо бил во бугарска армија итн итн… такви приказни се имам изнаслушано многу. Во исто време, во ВМРО-ДПМНЕ од самиот почеток се пројавуваат и антички Македонци, еве пример Драган Арсов. Тој можеби беше првиот антички македонец што јас сум го запознал. Нему влакно не му фалело заради тоа што се чувстуввал така.

Со антиквизацијата и провокацијата кон Грците од страна на Груевски добивме барање за промена на името и за надворешна употреба. Во мое време Груевски воопшто не отвараше прашања за историски теми. Не знам дали кај него се пројавува националистичко просветлување во погрешен правец под влијание на Ѓорѓи Иванов или пак тоа беше маркетиншки проект, но јас мислам дека тоа е маркетиншки трик за да зад таа приказна се залепат што повеќе луѓе. Во времето на дедото на Александар Аминта, постојат горна и долна Македонија, тоа е нешто што функционирало. Има долна, има горна Македонија. Јас сметав дека е добро да го ставиме името „Горна Македонија“, кое во превод значи „Горна земја“. Тогаш се почна хајка против мене и јас се повлеков од решавање на тој спор. Никој збор не кажа за моја промена и покрај мојот пораз. Моето повлекување беше поради мое согледување на целата ситуацијата. Тоа е време кога македонските медиуми ме черечат, Сорос беше многу јак, вие се сеќавате беше инсталирано седиште кое требаше да ме руши, вели Георгиевски во ексклузивно интервју „Во Центар“ кај Васко Ефтов.

Јас и до ден денес го делам мислењето на многумина дека ако немаше мое влијание Груевски да стане претседател во 2003, тој никогаш немаше да стане претседател на ВМРО-ДПМНЕ: Тој немаше комуникација во ВМРО, не беше присутен во комитетите, додека Марјан имаше многу појако лоби крило. Јас и до ден денес не сметам дека сум направил погрешен избор со него. Е сега квалитетот што го донесе тој е сосема друга работа. Дека го направив правилниот избор во тоа време, немам сомневање, додава Георгиевски за изборот на Никола Груевски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во 2003 година.

Latest Posts

Чулев: Строго ќе се санкционираат активностите во насока на поткуп на гласачи

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Наќе Чулев денес на 29.06.2020 оствари средба со граѓаните од Шуто Оризари со претставници на ромските организации...

Заев од Гевгелија: Обнова му треба на ВМРО-ДПМНЕ, а не на државата, таа е на прав пат

СДСМ ги престави носителите во четвртата изборна единица, Зоран Заев и Соња Мираковска, на трибина во Гевгелија. Лидерот на партијата во говорот се осврна...

АКТУЕЛНО

СЗО повика да се зголеми производство на „Дексаметазон“

Светската здравствена организација (СЗО) повика да се зголеми производството на Дексаметазон, откако британските научници објавија дека тој стероид значително ја намалува смртноста кај...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.