fbpx
7 C
Skopje

Георгиевски: Тито не е „виновен“ за создавањето на македонската нација, туку бугарските лидери кој ја раководеле Коминтерната

АКТУЕЛНО

Шилегов: Мементо парк за дислокација на спомениците

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска на прес конференција истакна дека неговиот став кон „Скопје 2014“ е непроменет, како и дека му се...

Спасовски : Тоа што го прави ВМРО ДПМНЕ е чисто лицемерие , страв и бегство од пораз , но тоа е нивен проблем

Ние рековме дека ќе одиме со чесна понуда за сите изборни процеси, Сашко Николов е таа чесна понуда и ние излегуваме пред граѓаните без...

Царовска : Штипјани треба да бидат горди што имаат можност да го изберат Сашко Николов за градоначалник

Штипјани треба да бидат горди што имаат ваков сограѓанин од една страна , но уште поважно што може да го изберат за градоначалник. Тој...

Богоjeски со жестока порака до Милошоски и Апасиев:Македонците и Албанците имаме слична историја и исти маки сме препатиле

Обидот на типчиња како Антоњо и Апашиненко да направат меѓуетнички судири во Македонија со приказната за “шиптарот Османи кој ги продава македонскиот идентитет и...

„Македонија и Бугарија имаат потреба од модус вивенди. Македонија треба да го прифати и да го признае очигледното заедничко минато со Бугарија, а Бугарија треба да најде сили да го признае објективното постоење на македонската нација и нејзиниот јазик, трет пат нема“.

Ова го вели во неговата автобиографската книга „Мојата македонска приказна – каде одиш, Македонијо“ поранешниот македонски премиер Љупчо Георгиевски (1998-2002 година) и основач на ВМРО-ДПМНЕ чии делови ексклузивно пренесува БГНЕС.

„Без никакво сомневање, од сите соседни држави, Бугарија и бугарскиот народ се најоцрнетите од нас. Слободно можам да кажам дека се и најомразените и тоа продолжува така без прекин од 1945 година до денес – цели 75 години без прекин. Ако го додадеме и времето на српската окупација на Македонија, веќе станува збор за речиси еден век … Ние се наоѓаме во една стогодишната перманентна пропаганда во Македонија, реализирана во училиштата, медиумите, преку однесувањето и изјавите на интелектуалци, политичари и тоа нешто продолжува без прекин“ вели Георгиевски во цитат кој го пренесува бугарската агенцја.

Георгиевски во и книгата на 360 страници која може да се најде во продажба детално раскажува и како се почувствувал кога асистент по историја на Универзитетот во Скопје му рекол: Да немаш никакво сомневање – Македонците и Бугарите се еден народ.

„Не само што занемев, туку цел ден одев како удрен од метеорит“, раскажува Георгиевски кој апелира секој да прифати како личен предизвик да пројави поголема љубопитност … интелигентниот читател „многу брзо ќе ја открие манипулацијата на југословенската историја за тоа историски прашање. Но, најважно е дека внимателниот читател на автентичната и непристрасна историска литература, сам ќе се убеди дека македонскиот и бугарскиот народ историски се поврзани народи“.

Во книгата, како што пренесува БГНЕС, Георгиевски вели дека “Бугарската политика е обврзана да прифати неколку работи кои до денес не ги признала. Ако некој е ‘виновен ‘ за создавањето и признавањето на македонската нација, тоа не се Тито и српската комунистичка партија, туку бугарските лидери кои раководеле во тоа време Коминтерната. Тие треба да имаат едно на ум дека признавањето на македонската нација и јазик е почната во јадрото на БКП. Сè што е направено од Коминтерната за Македонија беше под влијание на бугарските кадри кои ја раководеа Коминтерната во тоа време…

Во однос на разликите во јазикот Љубчо Георгиевски објаснува дека ситуацијата дополнително се комплицирала со вметнувањето на србизми во македонскиот и русизми во бугарскиот јазик. „Македонија треба да се раздели од југословенско-македонската историографија, која е полна со измислици, кои постојат само во нашите учебници. Бугарија треба да ја прифати реалноста. Убеден сум дека ова е единственото правилно решение во кое ќе успееме да ги надминеме сите недоразбирања меѓу двете земји и така ќе ја зајакне врската помеѓу двата најблиски народот во Европа “, пишува тој во книгата, пренесува БГНЕС.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Зоран Заев се прости од Баге: ТАЖНА ВЕСТ – силно ме погоди веста за омилениот другар за неговите пријатели, Благоја Стефановски Баге

Премиерот Заев на својот фејсбук приофил се прости од поранешниот министер за култура, актер и долгогодишен театарски работник Благој Стефановски – Баге кој вчера...

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ извика “да живее Зоран Заев”: Се огласи и Костадинов

На денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за надворешни работи, портпаролот на опозициската партија, Димче Арсовски направи лапсус и викна „Да живее Зоран Заев“. По...

Резултатите за изминатите 24 часа: Дури 2824 луѓе биле тестирани, позитивни се 1100

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2824 тестирања, а регистрирани се 1100 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-439, Куманово-56,...

Цеца не можеше да се воздржи: Внукот Жељко ја доведе до солзи

Хит на Интернет... Светлана Цеца Ражнатовиќ секој слободен момент го поминува со внукот Жељко и ужива со него, а што прават и како се забавуваат...

Koга е безбедно да се гледате со другите луѓе откако ќе прележите Kовид-19 – оваа грешка речиси никој не ја прави

Се разболувате. Поминуваат неколку дена, и за среќа почнувате да се чувствувате подобро. Дали е во ред тогаш повторно да започнете да се гледате...
- Advertisement -