fbpx
18 C
Skopje

ГЕРБ и патриоти може да формираат доволно мнозинство за управување

АКТУЕЛНО

ГЕРБ му води на БСП со над 5,5 проценти при обработени 99,98% од протоколите од вчерашните парламентарни избори. Ова го покажуваат податоците на Централната изборна комисија (ЦИК) во Република Бугарија.

Партијата на Бојко Борисов добива 32,66% од гласовите, додека БСП биле поддржани од 27,19% од гласачите.

Во апсолутни вредности ГЕРБ добиле над 1 147 000 гласа, а БСП – малку над 955 илјади гласа

На трето место се редат Обединетите патриоти ( ВМРО, НФСБ и “Атака”) со 9,07 проценти од гласовите, што во апсолутна смисла се околу 318 500 гласа.

Веднаш по нив се редат ДПС со 8,99 отсто , или над 315 илјади гласа.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -