fbpx
21.8 C
Skopje

Германското МНР со реакција за состојбата во Македонија

АКТУЕЛНО

Германското Mинистерство за надворешни работи денеска реагира на вчерашните настани во македонскиот парламент.

„Tалат Џафери е избран претседател на парламентот. Овој избор како и резултатите од парламентарните избори мораат да бидат почитувани од политичките противници. Очекуваме владата да го обезбеди јавниот ред и мир во земјата.

Лидерите во Скопје треба своите европски обврски да ги претворат во дела, да ги прифатат резултатите од изборите и истите да ги имплементираат, се вели во реакцијата.

Според прес службата на германското МНР за оваа јасна порака денеска бил информиран и македонскиот амбасадор во Берлин Сашо Марковски кој бил повикан на разговор во врска со вчерашните инциденти во македонското собрание, се вели во писмената изјава испратена до МИА

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -