fbpx
11.8 C
Skopje

Героски до Димитров: Сте имале обврска да соберете морална сила во себе и свои лични пари за студирањето на вашата ќерка

АКТУЕЛНО

Главниот и одговорен уредник на Слободен Печат и порталот Плусинфо Бранко Героски упати пофалби, но и критики на адреса на министерот за надворешни работи Никола Димитров. Имено, Героски го пофали Димитров како еден од најуспешните македонски политичари, кои заслужуваат благодарност и високи почести за договорот со Грција со кој се отстранува и најголемата пречка за патот на Македонија кон Обединета Европа. Меѓутоа, откако се обзнани дека ќерката на Димитров зела државна стипендија, Героски покрај пофалбите упати и критика до шефот на македонската дипломатија.

 

Знам дека многу ќе се налутите поради тоа што ова Ви го кажувам директно и јавно. Секој е чувствителен кога е во прашање неговото дете. И јас сум таков. Но, во случајов, сепак, не станува збор за Вашето дете, туку за Вас, министре. И за приниципите. Вие сте државен службеник, платен од народот. Вие сте еден од нашите најважни – и пак да повторам, најуспешни! – министри, па затоа се претпоставува дека при доделувањето на стипендијата Вашата ќерка можеби била во привилегирана позиција. Немојте да ме разберете погрешно: јас сум апсолутно сигурен дека Јана Димитрова не само што не била привилегирана, туку и не можела да биде. Но, клучна е претпоставката, важна е перцепцијата. А таа вели дека во случајов, Вие сте во конфликт на интереси.

Зошто Ви е потребно тоа, драг министре?

Еве, додека го пишувам текстот, баш во овој момент (четврток, 12 часот и 21 минута), веќе ми е проследен одговорот од Министерството за образование и наука, во кој се вели деканеколку години наназад ресорот доделува стипендии за македонски граѓани кои аплицираат и ќе успеат да се запишат на прв, втор или трет циклус на студии на некој од најдобрите 100 светски универзитети согласно Шангајската ранг листа. Секој кој ги исполнува условите има право на овој тип на стипендија и досега правото го искористиле повеќе од 200 апликанти. Вашата ќерка поименично не се спомнува, но се заклучува дека универзитетот на кој студира таа е на Шангајската листа, дека и таа аплицирала и законски добила стипендија.

Сето тоа е во ред и ја потврдува мојата претпоставка дека законот не е повреден. Би било страшно да е поинаку. Но, јас сепак инсистирам на етичкиот аспект – Вие, министре Димитров, како државен службеник, како и членовите на Вашето семејство, немате право на било какви дополнителни буџетски приходи и социјални трансфери. Просто не можам да замислам некој холандски министер да постапи на начинот како што сте постапиле Вие. Моето мислење е дека сепак сте имале обврска да соберете морална сила во себе и свои лични пари, па да донесете одлука да не го искористите законското право Вашата ќерка да аплицира за спомнатата стипендија. Дотолку повеќе што Вие сте во прилично покомотна ситуација од родителите на други деца кои студираат и во Холандија и во други европски земји.

Целиот напис можете да го прочитате на Плусинфо – ОВДЕ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -