8 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Шок во Франција, лекар на тим од прва лига си го одземал животот поради корона вирусот

Угледниот француски весник „Ле Паризен“ пренесе ужасни вести оваа вечер, а за жал, само неколку минути подоцна, беа потврдени од клубот кој извести дека...

Нови математичкo прашањe – одговорот напишете го во коментар (Фото)

Прочитај ги прашањата во текстот и одговори во коментар на Фејсбук објавата

Глупоста наречена минималната плата

Една од поактуелните теми деновиве околу која се крена посериозна галама, е покачувањето на минималната плата. Потегот, од страна на влада во пад, не ме чуди, ниту изненадува. Не ме изненади ниту „радоста“ на просечниот и надежен работник, кој на моменти дури и сонува за повисока минимала плата, па оваа новина беше дочекана со радост и надеж за подобри денови.

Она што ме изненади се непостоечките економисти во државава, непостоечките здрави, економско потковани глави, да се јават и да опоменат за штетноста и негативните последици од ваквите глупави, и очиглено додворувачки потези. Недостатокот, барем на економист со средно кој ќе излезе и ќе каже дека ова нешто, без разлика колку примамливо звучи, најмногу ќе ги погоди оние за кои е всушност наменето – работниците со најмалку можности за заработка. Работниците кои не можат да бираат работа, кои не можат да бираат компанија, не можат да преговараат за услови.

А што се случува кога нема ниту еден, барем половичен експерт, кој би преиспитал одредена владина мерка? Негативните последици брзо стигнуваат, и како што можеме сите со право да претпоставиме, товарот ќе падне на работникот.

Епа, штом нема експерти, јас се решив да подразмислам малку, и за кратко време успеав да увидам колку штета ќе направи овој потег. Не сум експерт, ама штом владата се напнува нешто навидум толку добро за народот да го претвори во закон по експедитивна процедура, нешто опасно смрди тука. За тоа не треба да си експерт.

Првата логична линија по која тргнав е дека, бизнисот е бизнис за пари. За профит. Не е добротворна организација, и сопственикот не го прави тоа што го прави за да губи пари. Не го прави тоа ни за да излезе „на нула“. Сопственикот прави што прави единствено за да заработи. Со тоа, сопственикот прави детална математика околу трошоците, а основен трошок е – исплаќање на вработените, бидејќи без нив, нема фирма. Значи, доколку некоја сила ги зголеми трошоците, во овој случај платата на вработените, сопственикот има ограничен арсенал на одговори. И, за воља на вистината, ниту еден од тие одговори не вклучува загуба. Па, сопственикот може да, а и ќе: почне да отпушта вработени, да намалува работни часови, или да крати незадолжителни бенефиции – топол оброк, бонус и/или останати додатоци и финансиски привилегии.

Во првиот случај, доколку „газдата“ се реши да отпушти еден или повеќе вработени, кои би биле тие? Токму така – оние со најниско образование, со најмалку искуство, или со најмалку години. Токму оние кои НЕ МОЖАТ да бираат работа, не можат да бираат компанија, не можат да преговараат за услови. Во вториот случај, доколку мерката е намалени работни часови, тогаш платата ефективно не се покачува. Третата опција нема потреба да се дискутира, затоа што е прилично очигледно. Која и опција да влезе во
игра, загубата паѓа на грбот на работникот.

Втората логична линија е дека, зголемување на минималната плата создава нефер услови за поискусните работници, не само за неискусните, голем број од кои, како што видовме погоре, е многу веројатно да ја изгубат работата. Да земеме една фирма, во која имаме искусни работници кои почнале со 10.000, а сега земаат 14.000 плата, и до таму стигнале со повеќегодишна работа, и постепено покачување. Со покачувањето на 14.000, работници кои имаат помалку години зад нив во истата фирма, наеднаш да
бидат изедначени со оние кои поминале долго време, и работеле напорно за да дојдат до оваа сума. Сопственикот сигурно нема да им ја покачи платата и нив, најмногу затоа што истиот е веќе присилен да ја покачи платата.

Третата логична линија, која е специфична за земји како нашата, е дека оние сопственици кои нема да одберат ниту една од погореспоменатите опции, и се решат на сите вработени да им ја покачат платата, веднаш по исплаќањето на истата, тоа го прават само “на хартија”, и ги присилуваат вработените да ја вратат „разликата“ назад во кеш.

Четврта логична линија, која повторно објаснува како ова покачување би им наштетило на најмладите, најнеискусните, и оние со најниска стапка на образование, или едноставно на студенти кои сакаат да стекнат некакво работно искуство. Факт е дека неискусниот работник не може да вреди исто со оној што работел во одредена индустрија и заработува веќе некое време од неа. Ретко кој, ако некој, сопственик на бизнис, би платил 14.000 за млад, необразован, или само неискусен работник. Опциите за наоѓање прва работа се намалуваат драстично.

И петта логична линија, фирмите кои немаат многу вработени, и бизнисите кои веќе се борат со судни маки да опстанат, едноставно ќе се откажат и ќе стават клуч на врата.

И последна логична линија, е онаа каде сите бизниси без приговор ги прифаќаат овие промени. Воведуваат нова минимална плата, искрено и чесно, без отпуштања, без кратење на бенефиции, без кратење на работно време, без закани и уцени кон своите вработени да ја враќаат таканаречената „разлика“. Останува истата последица, дека ќе мораат од некаде да ги надокнадат тие пари насилно извадени од џебот, таа принудна загуба. И, како и секој нормален бизнис во иста или слична ситуација, спасот ќе го побараат во покачени цени на нивните услуги и производи.

Сите овие размислувања имаат еден заеднички заклучок: штетата, во било која форма и да дојде, ќе биде на крајот префрлена на грбот на работниците, како младите, неискусните и необразованите, така и на некои од поискусните.

Јасно ми е дека оваа анализа најверојатно нема да промени ничие мислење, а и да промени, законот веќе стапи на сила. Па, останува само да чекаме и да видиме какви ќе бидат последиците, и кој ќе ги сноси.

Колумна на Марјан Ќуринов од идеолошкиот и аналитички центар Конзерватив МК.

Latest Posts

Шок во Франција, лекар на тим од прва лига си го одземал животот поради корона вирусот

Угледниот француски весник „Ле Паризен“ пренесе ужасни вести оваа вечер, а за жал, само неколку минути подоцна, беа потврдени од клубот кој извести дека...

Нови математичкo прашањe – одговорот напишете го во коментар (Фото)

Прочитај ги прашањата во текстот и одговори во коментар на Фејсбук објавата

АКТУЕЛНО

Во соседството за карантин се користат мигрантски центри и шатори, во Македонија хотели и пансиони

Освен што се пред сериозен предизвик да го обезбедат јавното здравје дома, државите во оваа светска пандемија на коронавирусот се исправени и со извелкување...

Ако не се реагира на време, Кочани може да биде ново Куманово – истокот пред сериозен тест

Новите шест случаи на лица од Кочани заразени од коронавирусот беа повод градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев да свика итна седница на Општинскиот...

Путин не дозволува да му се прекрши зборот: Доктор заврши зад решетки поради корона вирусот

Руските власти ја уапсија претседателката на независниот синдикат на лекарите, Анастасија Василиева. Таа го критикувала малиот официјален број на заразени со корона вирусот во...

(ФОТО) Нема да поверувате – Како изгледал министерот Венко Филипче како студент

Шармантен и неодолив, министерот за здравство Венко Филипче е фигура број еден во последниот месец во државата. Како и не би бил, кога успешно...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.