fbpx
37.8 C
Skopje

Го ангажираше Рајола и стана втор најплатен играч, веднаш по Нејмар

АКТУЕЛНО

Еден од најавените мега трансфери летово не се реализираше, а беше многу блиску до конечниот епилог. Марко Верати на почетокот од летото беше на Ибица, преговараше со Барселона, потоа му се закани на ПСЖ дека нема да се врати во клубот доколку не го пушти кај каталонците, но ништо не помогна тој да ја смени средина.

По сите случувања фудбалерот реши да го смени агентот, ни помалку ни повеќе сега сраоботува со Мино Рајола. Треба ли да се напомене дека тоа веднаш му се исплатеше?

Рајола преговараше со ПСЖ под кои услови Верати ќе остане, играчот добри продолжување на соработката и тоа за двојно повеќе пари. Имено тој издејствува договор од 12 милиони евра по сезона, со што сега италијанскиот фудбалер е втор најплатен во клубот, веднаш зад Нејмар прекокнувајќи го и Анхел ди Марија.

Постоеја некои приказни за моето змаинување, но тоа е минато, дојде Нејмар сега ќе бидеме уште посилини“ – изјави Верати по продолжувањето на соработката.

 

 

Извор: Sportclub.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -