fbpx
22.8 C
Skopje

Го наследил гласот од неговиот татко: Емотивно видео со кое младиот пејач ги освои женските срца

АКТУЕЛНО

Андреа Бочели е еден од најдобрите пејачи на светот, а по музичкиот пат тргнал и неговиот син Матео.

Таткото и синот неодамна ја снимија заедничката песна “Fall On Me” за потребите на анимираниот филм на Дизни – “The Nutcracker and the Four Realms”, а 21-годишниот Матео е вистинско освежување покрај својот искусен татко.

Во емотивното видео во кое Матео го води слепиот Андреа преку просторијата, се прикажуваат и фотографии од нивните животи во кои тие се прегрнати со насмевка на лицата.

Иако песната постигна голема популарност и за само неколку дена беше прегледана повеќе од 8 милиони пати, Андреа не е изненаден од тоа бидејќи често изјавувал дека Матео го има музичкиот ген од своето раѓање.

Фото

Освен Матео, Бочели го има и синот Амос кој исто така ќе гостува на неговиот албум.

Инаку, Андреа ги добил синовите во бракот со Енрика Цензати, додека од вториот брак со Вероника Берти ја има малечката ќерка Вирџинија.

ИЗВОР: Tocka.com.mk – ОВДЕ 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -