fbpx
-3.7 C
Skopje

Го немашe цел ден, но сега напиша порака од Будимпешта: Груевски со фејсбук статус за Велигден

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

Случувањата со Исус од Назарет не се измислена приказна, бајка или мит.

Раѓањето, животот, распнувањето и воскреснувањето на Исус Христос се историски настани кои реално и вистински се случиле во првиот век од нашата ера и за кои, освен библиски, постојат и многу не библиски докази во книги на многу научници од различни векови кои не пишувале од религиски туку од научни мотиви.

Дел од нив, науката ги регистрира но не може да ги објасни, како што е на пример паѓањето мрак на пладне, насекаде низ земјата и цели три часа ноќ во сред ден на денот кога е распнат, токму во 33-тата година во нашата ера, но и повеќе други. Уште повеќе, чинот на воскреснувањето опишан во три евангелија (Евангелија по Матеј, Лука и Јован) од три следбеници и ученици на Исус.
“Прости им Господи, не знаат што прават” се историски зборови кои брзо се претворија во легенда која со векови се прераскажува и толкува, бидејќи Исус, не беше погубен само од Санхефронот (нешто како врховен суд во тоа време), по наредба на Понтиј Пилат, римски владетел во провинцијата Јудеја од 26 до 36 г.н.е.

На крајот и народот не го ослободува.

Високите свештеници се плашеле дека Исус ќе ги загрози нивните позиции во општеството, дека неговите проповеди кои ги сметаат за богохулење, неговата популарност меѓу народот која прераснува во движење, фактот што многумина веќе го сметаат за месија од кого очекувале да го ослободи Израел од странската Империја и да ја обнови еврејската држава, ќе ги поттикне луѓето на бунт, а со тоа ќе навлече реакција на Римската Империја во која многумина ќе настрадаат а тие може да ги загубат комотните позиции.

Исус е осуден да биде распнат на крст и погубен, една од вообичаените начини на казнување со смрт, покрај каменувањето, во тоа време. Тоа бил еден грозен и понижувачки начин со кој римските сили стационирани во Јудеја казнувале илјадници бунтовници во тоа време. Всушност Исус е осуден како потенцијален предизвикувач на немири, иако обвинението против него е бунтовник – “еврејски крал”. Поедноставено кажано се плашеле дека ќе направи политички пресврт.

Но, интересно е што на крајот се случува, според сите четири канонски евангелија. Жената на Понтиј Пилат му вели дека сонувала лош сон и го советува да не го погубува Исус. Тој постапува на начин што според тогашните закони кои дозволувале римскиот гувернер да дозволи од двајца престапници, еден толпата народ да може да го ослободи (пасхалско помилување). Пилат пред насобраната толпа народ, го вади Исус заедно со уште еден човек – Варава, кој бил престапник кој убил човек и убеден дека, народот ќе го ослободи и така ќе дојде до ослободување за кое ќе има оправдување, ја прашува насобраната толпа народ кој од овие двајца да биде ослободен од римскиот притвор.

Но, насобраната толпа народ е веќе индоктринирана против Исус од Назарет од елитата и скандира: “Дај ни го Варвара” (во прилог фотографија од уметничка слика за овој настан).

Пилат неволно попуштил на инсистирањето на толпата народ. Народот на кого со години Исус му помага, го подучува, просветлува, лечи неизлечиви болни, оживува мртви…

Апсењето, камшикувањето, осудувањето, распнувањето и воскреснувањето на Исус Христос е најпознатиот и најголем, но и нај одбележан и славен историски настан од тогаш, па до денес за сите христијани на планетава скоро 2000 години.

Неговото учење е со векови најбројната и нај прифатена религија во светот.

Неговата жртва – најголемата и најзначајната. Нека е за многу години ВЕЛИГДЕН и нека ни донесе здравје и божја убавина во нашите срца и души. ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ВИДЕО: Попот го фрли крстот и падна. Како изгледаше тоа?

Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголе­ми­те христијански празници, зашто на тој ден според верувањето Исус Христос е крс­тен од Свети...

Политичар влезе во аптека за да ги види цените на леkови во Србија за да ги спореди со тие од република Српска

Младиот политичар, а сегашен градоначалник на Бања Лука минатата година објави интересно видео кое уште се споделува по социјалните мрежи и е доста популарно...

Во пресрет на Богојавление: „Кој вика дека го нема“: По две недели пронајден првиот крст кој го фрлаше попот на Водици во Пробиштип откако...

Потсетување во пресрет на Богојавление: На Богојавление попот во Пробиштип мораше двапати да фрла свет крст во базенот, затоа што првиот исчезна откако беше...

Марија Пијaнманов и сопругот со париско кафе: Поздрав од Париз „мали маkедончиња“

Некои ги хејтаат, други ги обожаваат. Најчесто може да ги сретнете на социјалните мрежи, каде што споделуваат фотографии од нивните дружби по европските метрополи...

Kонечно посочија кој ден од оваа недела се очекува најмногу СНЕГ: Времето до среда ќе биде студено, а четврток подгответе се за снежна поkривка

Ведро и особено студено во утринските часови ќе биде времето до среда, проследено со слаб до умерен северен ветер, информираат од УХМР. Од среда ќе...
- Advertisement -