fbpx
8 C
Skopje

Го оставила детето во автомобил и после 3 минути го немало – кога сфатила што направила веќе било доцна

АКТУЕЛНО

Дваесет и девет годипшната Ким Роуландс мислела дека ѝ е украден автомобилот во кој ја оставила ќерката, но возилото завршило во река.

Мајка од Обединетото Кралство, панично повикала итна служба, бидејќи мислела дека ѝ е украден автомобилот.

Меѓутоа, шокот бил неверојатен кога сфатила дека автомобилот во кој била нејзината 2-годишна ќерка се излизгал во река, пишува Мирор.

Роуландс ја оставила својата ќерка Кјара Мур само на 3 минути. Според нејзините зборови, откако банковната лжкартичка ѝ се блокирала. го оставила детето на автомобилското седиште за да отиде на брзина до својот сопруг на работа, во западен Велс, и да земе 10 фунти.

Причината поради која отишла по парите е тоа што се сетила дека дома нема храна, па ја оставила Кјара во автомобилот и рекла дека брзо се враќа. Притоа клучевите ги оставила на бравата од автомобилот. На суд се присетила дека додека заминувала слупшнала како девојчето гласно пее.

Кога се вратила после 3 минути, возилтоо веќе не било паркирано каде што го оставила.

Ким веднаш повикала полиција.

Надзорната камера покажала како автомобилот се движи наназад пред да изчезне од видокруг.

Кјара е пронајдена мртва во автомобилот, само неколку денови пред третиот роденден. Полицијата очајнички се обидувала да го реанимира девојчето, меѓутоа ѝ немало спас.

Истрагата покажала дека рачната кочница на автомобилот била отпуштена во моментот кога автомобилот бил пронајден, но не е докажана причината поради што не била повлечена.

Според истражувачот Шејн Дејвис, постои можност дека Кјара се поместила назад и дека тоа предизвикало поместување на автомобилот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -