fbpx
27.8 C
Skopje

Го платија 90 милиони фунти а не знае што е офсајд, насмевката на Крос доволно говори (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Ромелу Лукаку е стрелец на единствениот гол на Манчестер јунајтед во Скопје, но напаѓачот е хит на социјалните мрежи за потегот од првиот дел

Во модерниот свет фудбалските фанови се немилосрдни, секој потег на играчите будно се следи, и секоја грешка се критикува, особено кога за некој играч е платено богатство.

Ромелу Лукаку вечрва се најде во таква ситуација, напаѓачот на Манчестер јунајтед е хит на социјалните мрежи за потегот од првото полувреме на дуелот со Реал Мадрид.

„Црвените ѓаволи“ ќе се најдеа во одлична шанса за гол доколку Ромелу Лукаку реагираше подобро.

Андер Ерера му украде топка на Тони Крос и требаше сам да спринтира кон голот, но Белгиецот несфатливо тргна по топката иако беше во офсајд.

Па многумина се шегуваат дека Манчестер јунатјед платил 90 милиони фунти за играч кој не ги познава правилата и не знае што е офсајд.

Исто така, насмевката на лицето на Тони Крос доволно говори колку била смешна ситуацијата.

https://twitter.com/mikesanz19/status/895005406883434496
24Фудбал

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -