Водителот на емисијата „360 степени“ го праша скопскиот градоначалник Петре Шилегов во какви односи е со премиерот Зоран Заев и дали е вистина дека нивните односи се нарушени.




Првиот човек на град Скопје даде едноставен, но многу јасен одговор.




„Сите ангажмани што ги имав во изминативе три години ми даваат за право да побарам поддршка од СДСМ да ја поддржи мојата кандидатура за втор мандат. Јас како легалист ќе се држам до таа постапка и процедура. Тоа прво ќе биде барање поддршка во рамките на органите на СДСМ“,




„Во прекрасни односи сме, вчера бевме на работен состанок заедно. Веројатно, во недостаток на интересни работи, луѓето сакаат да измислуваат работи што ги нема. Немаме нарушени односи. Ние поминавме толку многу заедно од 2013 година што едноставно нема логика да имаме нарушени односи“, рече Шилегов