fbpx
29.8 C
Skopje

Голден Стејт поразен по продолженија, Кливленд без проблеми со Бруклин

АКТУЕЛНО

Во изминатата ноќ се одиграа осум натпревари во НБА лигата, најдраматично беше на средбата помеѓу Голден Стејт и Мемфис, на која гостинот победи по продолженија со 119:128.

Недоволни беа 40 поени на Кари, Дурент имаше 27, во победничкиот табор најрасположени беа Рендолф и Конлеи со по 27 поени, додека Марк Гасол уфрли 23.

Шампионот Кливленд без проблеми дојде до уште една победа, рутинска на гостувањето кај Бруклин со 108:116. Леброн Џејмс имаше 36 поени, Кајри Ирвинг 32, додека Кевин Лов додаде 17 поени и 10 скокови. Кај домашниот тим Бојан Богдановиќ беше најефикасен со 23 поени.

Резултати НБА:
Орландо 93:100 Хјустон
Вашингтон 112:105 Минесота
Бостон 110:106 Филаделфија
Бруклин 108:116 Кливленд
Милвоки 111:116 Њујорк
Голден Стејт 119:128 Мемфис (по продолженија)
ЛА Лејкерс 127:100 Мајами
Сакраменто 98:106 ЛА Клиперс

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -