fbpx
16 C
Skopje

Голем удар за Баерн: Сезоната за Нојер е завршена

АКТУЕЛНО

Сезоната е завршена за чуварот на мрежата на Баерн Минхен, Мануел Нојер по вчерашниот меч против Реал Мадрид во кој заработил повреда на стапалото, и поради тоа го очекува пауза од најмалку два месеци.

Повредата на Нојер се случила пред третиот гол на Реал, кога топката беше исфрлена во аут, а голманот на Баерн стадионот го напуштил со патерици.

Слична ваква повреда Нојер имаше на почетокот на овој месец, но тогаш пропушти само три натпревари, овој пат делува многу посериозно а последните дијагнози велат дека тој ќе паузира до крајот на сезоната. Ова е уште еден удар за „баварците по синоќешното елиминирање од Лигата на Шампионите, кое беше под сомнителни и спорни околности.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -