fbpx
11 C
Skopje

Голема антитерористичка операција го Германија

АКТУЕЛНО

Полицијата во германскиот град Офенбург, Баден-Виртемберг, направи големата акција во врска со „наводна закана за напад“, соопштува националниот весник „Die Frankfurter Allgemeine Zeitung“.

Како потенцијална цел е наведен популарен ноќен клуб во градот, прецизираа од полицијата, без да открива детали за изворите на заканата и нејзиниот карактер, пренесоа агенциите.

Во ноќта спроти неделата присуството на органите на редот во Офенбург беше зголемено чувствително, а на место беа испратени единици од различни делови на покраината. Засилени беа проверките во возила кои патуваат за и од градот, додаваат од редакцијата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -